Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 400 гр. брашно
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 500 мл. газирана вода
- 80 гр. кокос
- 750 мл. масло за пржење
- 3 големи банани
- шењер во прав
Подготовка
Излупете ги бананите и исечете ги на покрупни парчиња.
Во еден сад измешајте 300 гр. брашно со сода бикарбона и газирана вода. Изматете го со вилушка за да добиете рамномерна смеса. Во две чинии ставете го остатокот од брашното и кокосот. Загрејте го маслото во тава со средна големина на среден оган. Панирајте ги бананите во чинијата со брашно, потоа во смесата од брашно и газирана вода, па во кокосот. Пржете ги бананите во загреаното масло по 2-3 минути додека да добијат златно жолта боја. Потоа извадете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на масло.
Послужете ги декорирани со шеќер во прав и топка сладолед.