Солен ролат

Свински ролат со спанаќ и колбаси

Идеја за вкусен и несекојдневен ролат

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
90 мин.

Вкупно време:
1 ч. 50 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 1 кг. свинско месо (кртина)
  • 300 гр. колбаси
  • 150 гр. спанаќ, исецкан
  • 1 јајце, изматено
  • 120 гр. лебни трошки
  • 2 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
  • 4 чешниња лук, ситно сецкани
  • ½ лажичка мајчина душичка, сува
  • 1 лажичка бибер
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете го свинското месо на половина по должина, но не до крај, отворете го и покријте го со проѕирна фолија. Исчукајте го месото со чук за месо додека не добиете рамна површина. Месото од колбасите извадете го од цревото и ситно исецкајте го. Во длабок сад измешајте ги сите состојки без маслиновото масло. Распоредете ја смесата рамномерно врз месото.

Завиткајте го ролатот и зацврстете го со чепкалки или кујнски конец.

Премачкајте го ролатот со маслиново масло и попрскајте малку мајчина душичка. Печете го ролатот околу час и половина до 2 часа.

Оставете го ролатот да одстои 10 минути пред да го исечете на парчиња.

10 јули 2012 - 07:00