Време на подготовка:
45 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
1 ч. 20 мин.
Порции
24 парчиња
Состојки
- 6 јајца
- 150 гр. шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 100 гр. пченкарно брашно
- 200 гр. пченично брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 20 гр. путер
- 600 гр. кокос
Прелив
- 600 гр. шеќер во прав
- 150 гр. какао
- 150 мл. млеко
- 20 гр. путер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со малку масло една тава за печење и обложете ја со хартија за печење.
Со миксер изматете ги јајцата со ванила и шеќер додека да добиете кремаста смеса.
Во сад измешајте ги пченкарното и пченичното брашно и прашокот за пециво. Додадете го брашното во смесата со јајца и измешајте ја. Додадете го и путерот. Тестото префрлете го во приготвеното тавче и печете го 25 -30 минути додека да добие златно жолта боја. Кога ќе се излади колачот исечете го на 24 коцки.
Измешајте ги шеќерот во прав со какаото и млекото и загрејте ги во тенџере на слаб оган. Мешајте додека да се растопи шеќерот и добиете чоколадна смеса.
Во чинија ставете го кокосот.
Со вилушка потопете ги коцките колач во чоколадниот прелив па потоа извалкајте ги во кокосот. Потоа редете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставете ги да се стегнат 1 час пред да ги послужите.
На здравје!