Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 1 листа замрзнато лиснато тесто, малку одмрзнато
- 50гр. путер
- 100гр. кафеав шеќер
- 1/4 лажичка цимет
- 1 лажица сок од лимон
- 1/2 помал ананас, излупен и исецкан на тенки парчиња
- сладолед од ванила (по желба)
Подготовка
Загрејте ја рернатана 220 степени. Поставете го тестото на работна маса. Отсечете ги внимателно ќошињата за да добиете кружна форма.
Загрејте путер, шеќер, цимет и сок од лимон во огноотпорна длабока тава или тенџере со димензии од 20см. на среден оган. Мешајте го сосот 2-3 минути додека да се растопи шеќерот. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и гответе уште 2-3 минути додека да згусне.
Тргнете ја тавата од рингла. Наредете ги парчињата од ананас врз сосот така што ќе го прекиете дното. Вратете ја тавата на рингла и гответе го ананасот 6-8 минути.
Тргнете ја тавата од рингла и врз ананасот ставете го лиснатото тесто. Печете ја питата во загреана рерна 15 минути додека да добие златно жолта боја. ОСтавете ја питата да одстои 5 минути па превртете ја врз чинија за сервирање.
Послужете ја питата со сладолед од ванила.