1. Јагоди со шлаг
Кажуваш Вимблдон и веднаш помислуваш на еден куп јагоди со шлаг. Ова е уште од ХIX век традиционална храна која што се служи на Ол Ингланд Тенис Клуб.
Гледачите можат да се облажат со еден куп којшто чини 2.50 фунти. Во него ќе најдат квалитетни, одбрани јагоди кои доаѓаат на Вимблдон во 5.30 секое сабајле.
Во просек се продаваат по 110.000 порции или околу 30 тони јагоди и 8.000 литри шлаг. Да не се заборават ниту 300.000 шолји чај кои се пијат во просек на турнирот или 90.000 кригли пиво или 12.000 шишиња шампањ - последново го служат строго со лосос.
2. ’Middle Sunday’ или Народна недела на Вимблдон
Ролан Гарос има три недели во програмата, Австралија Опен и УС Опен имаат две недели а Вимблдон? Тој има само една и тоа е заклучната недела кога се игра финалето.
Ова е „најсветиот ден“ на Вимблдон, традиционално ден за одмор и тогаш се затвораат вратите. Во 1991, 1997, 2004 и 2016 поради непрестани врнежи од дожд организаторите морале да ја поместат програмата и да наложат да се игра и на „светата недела“ на Вимблдон. Овој ден таму се смета и за „Народна недела“ затоа што тогаш билетите се продаваат поевтино и без никакви дополнителни давачки така што на Клубот може да влезе секој што ќе си приушти карта.
3. Топчињата
Топчињата се еден од основните елементи на Вимблдон. Dunlop Slazenger Group е фабрика која што ги произведува официјалните топчиња за турнирот. Секоја од 50-те илјади топчиња кои се користат во детали се набљудува од инспекција и на крајот на турнирот се продаваат на други тениски кубови или на гледачите за хуманитарни цели. Жолтата боја на топчињата за првпат е претставена во 1986. година.
4. Најдолг меч за паѓање во несвест
Најдолгиот дуел во историјата на Вимблдон се играше од 22 до 24 јули во 2010-та година меѓу Никола Мау и Џон Изнер. На теренот број 18 се играше 11 часа и 5 минути поделени во 3 денови за да се комплетира првото коло.
4-6, 6-3, 7-6, 6-7, 68-80 на крајот за високиот Американец во лудиот рекорден меч. 113 аса имаше Изнер, а двајцата освоиле 980 поени. Овој меч е двојно подолг од претходниот рекорд на Американците Холмс и Витскен од 1989 година кои го удирале топчето 5 часа и 28 минути.
5. Јастребот Руфус
Од 1999 година, турнирот Вимблдон се соочувал со сериозни проблеми со малите птици, претежно со гулабите кои им досаѓале на играчите и публиката. Тогаш како спасител се јавува јастребот Фалкон кој ги надлетува терените од 9 сабајле па се до еден час пред затворање.
Руфус е домашна птица-јастреб. Има Твитер акаунт со преку 9.000 следбеници. Пред некоја година бил украден па пронајден. Од денес па натаму повторно ќе стражари на Вимблдон.
6. Врската меѓу Вимблдон и Кралството
Односот меѓу англиската Круна и турнирот е многу тесен, стар и датира речиси повеќе од еден век кога дедото на актуелната кралица, Џорџ V станал социос (член на Ол Ингланд Клуб). Кралската ложа (Royal Box) содржи 74 мошне екслузивни места на кои со години седат Елизабета, Чарлс, Вилијам, Хенри, Кејт Мидлтон...
Многу се ретки појавувањата на кралицата Елизабета која што на турнирот доаѓала в 1957, 1962, 1977 и 2010.
7. Тревата
Тревата на Вимблдон е фундаментален фактор за успешен турнир. Во текот на целата година има 15 вработени градинари кои се грижат за Perennial ryegrass, која строго и стриктно се сече само 8 милиметри ни повеќе ни помалку.
8. Дожд
Дождот е една од најредовните карактеристики на Вимблдон којшто од далечната 1922 година до денес не се прекинал поради дожд само во седум пригоди: 1931 година, 1976, 1977, 1993, 1995, 2009 и 2010.
За да се реши овој проблем типично англиски, организаторите во 2009 година решиле Централниот терен да го покријат со подвижен покрив кои може да се користи кога се играат најважните натпревари во завршницата.
9. Кодекс на облекување
Дрес-кодот е најважен како за играчите така и за гледачите. Тенисерите и тенисерките мора стриктно да носат само бело со можност за ленти/траки кои превентивно се ставаат на контрола од организаторите. Во случај на прекршување на правилата како што му се случи на Роџер Федерер во 2013-та, следуваат казни (Швајцарецот на петицата од патиките имаше портокалова боја - гледај фото).
10. Термини на играње
Традицијата на Вимблдон налага турнирот секогаш да почнува шест недели пред првиот понеделник во август и првиот официјален меч да го игра актуелниот шампион на турнирот. Меѓудругото, влезот на Ол Ингланд Клубот каде се сите десетина терени се отвораат точно во 10:30 наутро.
11. Судијата
Судијата секогаш им се обраќа на тенисерките со ’Miss’ или ’Mrs’. За разлика од дискурсот за мажите каде титулата ’Мистер’ се користи само во случај играчот да е аматер. За професионалците ’Мистер’ се употребува само ако побараат ’Око соколово’.
12. Елита и крем
Ол Ингланд Лоун Тенис & Крикет Клуб е еден од најексклузивните на светот со 375 постојани членови, почесни членови (победници на турнирот и оние кои му направиле важна услуга на Шампионатот).
13. Редици за карта и забрана за селфи-стап
Да се најде карта за Вимблдон е права привилегија за навивачите коишто прават ред пред билетарниците во Вимблдон Парк една ноќ пред отворањето. Стандардните карти за трибини чинат 25 евра, додека билетите за главните терени чинат од 41 до 56 фунти за првиот ден. Еднаш влезени внатре, не смеете да користите селфи-стап или да снимате видео во живо за Инстаграм или Перископ затоа што ви се заканува исклучување од Клубот.
14. Најмлад освојувач
Најмладиот освојувач на Вимблдон во историјата на машкиот сингл е Борис Бекер кој во 1985-та го крена златниот пехар на само 17 години и 227 дена откако во финалето го победи Кевин Карен. Германецот е меѓу тројцата играчи кои не биле во главниот ждреб а на крајот триумфирале. Останати двајца се Ричард Крајчек во 1996-та и Горан Иванишевиќ во 2001.
15. Сместување
Многу играчи преферираат да се сместат на Church Road, улицата која што води кон Клубот на Вимблдон за да можат пешки да стигнат до терените и да прошетаат. Сопствениците ги изнајмуваат своите приватни апартмани и до 7.000 фунти неделно а агенциите регистрираат и до 150 договори во оовј период.
16. Кој чека, Мареј ќе дочека
Британските навивачи требаа да чекаат цели 77 години за да видат нивен човек како го крева пехарот. Во 2013-та година Енди Мареј во епското финале го победи Новак Ѓоковиќ и го сруши табуто старо од 1936 година по третиот триумф по ред на Фред Пери (1934, 1935, 1936).
17. Премии и награди
Главниот фонд за оваа 2017 е најголем од кога и да било! Изнесува 37,4 милиони евра и е за 12,5% поголем од лани.
Победникот на Вимблдон ќе земе 2,6 милиони евра (200.000 евра повеќе од 2016), финалистот и вицешампион ќе земе 1,38 милиони, полуфиналистите по 677.000 евра а оние кои ќе стигнат до четвртфиналето ќе земат убави 355.000 евра.
Само за учество, тенисерите ќе земат по 38.780 евра, речиси двојно повеќе од наградата за победникот во 1980 (Бјорн Борг кој земал околу 20.000 фунти).
18. Пехарот
Трофејот наменет за машкиот победник е изработен од мешавина на злато и сребро. Висок е 47 сантиметри а широк 19 сантиметри. На него е изгравирано „All England Lawn Tennis Club Single Handed Championship od the World“.
Пехарот резервиран за жените е висок 46 сантиметри, декориран со митолошки фигури. Шампионите добиваат реплика од овие пехари 3:4 сооднос на големина со оригиналите.
Оригиналните пехари се заштитени во Музејот на Вимблдон кој се наоѓа во Church Road.
19. Децата задолжени за топчиња познати како „Ball boys“
се основани во локалните училишта какво што е „The Shaftesbury Children's Home, Goldings од 1947 година а од 1969 година и во други школи од околните населби Мертон, Сатон, Кингстон, Сареј и Вандсворт. Децата задолжени за топчињата по традиција ги бираат нивните професори.