Адидас ќе ја облекува Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија во март ја чекаат тешки бараж дуели за пласман на Светско првенство 2026. Од фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопштија дека откако завршила соработката со производителот на опрема „Јако“, потпишан е договор со светски познатиот бренд Адидас кој во иднина ќе ги облекува сите фудбалски селекции на Македонија во различни возрасни категории.

Новиот комплет дресови нашите најдобри фудбалери за првпат ќе го облечат во март, за кога е закажан бараж-натпреварот за СП против селекцијата на Данска.

4 декември 2025 - 15:34