Кој е ветеранот од Луксембург кој го елиминираше Надал

34-годишниот Жил Милер во трилер-меч кој траеше 4 часа и 47 минути го совлада Рафа Надал во 4. коло на Вимблдон 6:3, 6:4, 3:6, 4:6, 15:13.

Најдобар однос на победи и порази Луксембуржанецот Милер има на трева и на затворени терени што во принцип не е изненадувачки, затоа што игра агресивно од основната линија.

Тој е левучар и неговиот удар знае да биде многу непријатен поради наглата промена на ритамот - во својата долгогодишна кариера тој стана препознатлив не по силината на ударите, туку стана мастер по острите и необични удари на топчето.

Колегите ја опишуваат неговата игра како многу „неудобна“ и „непријатна“. Тој дава ритам, дејствува отсечно и брзо. Не ти дава никаков комфор на теренот. Сезонава е најуспешна во неговата кариера. На почетокот на сезоната на 33 години освои титула во Сиднеј - прва во кариерата. До тој момент изгубил дури пет финалиња на разни турнири.

Притоа во едно од тие изгубени дуели за трофејот (против Енди Родик во Атланта 2012) изгубил после освоен сет и брејк а во Њупорт 2016 имаше меч топка но не ја реализираше и изгуби.

Титулата во Сиднеј како да била најава за успешни турнири. Во мај во Ешторил (Португалија), Милер неочекувано стигнал до финалето на земја а потоа стартуваше сезоната на трева. Во Хертогенбош ја освои титулата а потоа во Лондон стигна до полуфиналето и на Вимблдон дојде како 16-ти рекет на светот а не 26-ти.

Го оправда статусот „нагазна мина“ за фаворитите - го совлада Надал и првпат стигна до четвртфинале на Вимблдон. Ова ќе биде негово второ четвртфинале на Гренд Слем - првото му било во 2008 на US Open, каде во главниот ждреб стигнал преку квалификациите.

Интересно Милер веќе имаше еден триумф во пет меча против Надал и тоа во далечната 2005 на Вимблдон кога Рафа беше тинејџер кој дојде после титулата на Ролан Гарос (тогаш не беше прв туку десетти на ранг листата). Милер е третиот играч во историјата којшто двапати го победувал Надал на еден Гренд Слем (освен него тоа му успеало само на Федерер на Вимблдон и Лејтон Хјуит на Australian Open).

НАЈДОБРИОТ ТЕНИС ВО КАРИЕРАТА ГО ИГРА НА 34 ГОДИНИ

Во средината на неговата кариера Жил Милер имал многу повреди поради кои пропуштал многу турнири. Последната сериозна повреда на лактот на крајот од 2013 му помогнала да стане подобар.

„Во време на првата половина од годината работев на физичката подготвеност. Имав проблеми со лактот поради што никако не можев да играм тенис, затоа се посветив на други вежби. Мислам дека тоа ми помогна многу. Чудно е, но таа повреда ме направи уште подобар. Од тогаш можам да ја издржам цела сезона без пауза затоа што сум спремен. Тоа ми даде самодоверба да му верувам на телото“, се сеќава 34-годишниот Милер.

И во последната година Милер постојано напредува како играчки, така и резултатски. Ако ги разгледате неговите турнири на трева ќе видите дека секоја година одел една етапа погоре.

Најдобро делува од задната линија, агресивно наеднаш се појавува на мрежа и тука нема спас. Во мечот против Надал успешно му тргна од рака оваа тактика. Најважен аспект кај Милер е психологијата. Во последната година станал толку самоуверен што не губи веќе дуели кои одат во повеќе сетови.

СЕМЕЈСТВО

Милер раскажува дека најголема мотивација во животот и кариерата му се двата сина Лени и Нилс. „Кога бев повреден, малечките ме тераа да продолжам да се борам. Секогаш мечтаев тие да ме гледаат на големи турнири“, вели харизматичниот Милер кој до синоќа беше анонимен.

Кога ја освоил првата титула во Сиднеј со него било целото семејство и церемонијата на доделување награди била една од најтрогателните на светот - големиот Род Лејвер му го врачил трофејот додека жена му и децата среќни го гледале а тој се расплакал.

Од тогаш станал многу помирен затоа што вели дека му паднал голем товар од рамениците.

НЕМА ДВОРСКА КРВ

Долго време на тенис го носела баба му која наводно била дворјанка. Се зборувало дека била потомок на баронот Шлифланж, владетел на Луксембург во XVIII век, но на крајот се покажало дека ова не е точно како што напишале во официјалната програма на турнирот во Атланта каде Милер ги негирал овие гласини.

Тој секако не е дворјанин но затоа беше знаменосец на Луксембург на свечената церемонија на отворање на Олимпијадата во Рио каде вдел 10 луѓе на парадата на нации. Освен тоа, Милер ја запоставил кариерата во парови со Џејми Делгадо, сегашниот тренер на Енди Мареј. Тие порано играле во парови, но Жил напредувал во рејтиног и веќе не можеле заедно да настапуваат.

Потоа Делгадо се посветил на тренерска работа а денес е најважен член во екипата на првиот рекет на светот. А Милер атакува на нова сензација на Вимблдон.