Денес Зверев го викаат Миша и тој настапува под знамето на Германија, но роден е во Москва како Михаил. Во 1991. година кога имал четири години, неговиот татко Александар - поранешен тенисер на репрезентацијата на СССР и тренер добил повик да работи во Германија.
Ситуацијата во Русија тогаш била тешка, па семејството се решило на ваков потег.
Татко му секогаш зборувал дека неговите синови, Миша и помладиот Александар којшто е роден во Германија се Европејци но во нив и натаму има чисто руски особини.
Например, тие течно зборуваат руски (кога биле мали родителите во семејството зборувале на мајчиниот јазик за децата да не го заборават) и уживаат во руската кујна.
Пред две години не бил ниту во Топ-100
Во март 2015-та Миша Зверев бил 1067. рекет во светот. Се вратил на турот после сложената операција на рачниот зглоб и со повремен успех играл ITF турнири, квалификации на Челенџери и ATP. Татко му раскажувал дека Миша станал жртва на верижна реакција: го повредил зглобот, ја скршил раката, паузирал затоа што телото не му било навикнато на оптеретување. Не работел многу поради што почнале и проблеми со грбот и колената.
За време на паузата Миша му помагал на својот 17-годишен брат да се пласира на турнирите за возрасните а тренирал и помлади тенисери. Освен тоа му помагал на брат му и со личен пример - после неговите проблеми со здравјето, помладиот брат Саша почнал внимателно да се однесува на теренот.
Враќањето на Зверев постариот на АТП почнало тешко. Долго време се мачел, но се се сменило после победата на Челенџер во април 2016-та. Првпат од 2009-та стигнал до четвртфинале на Мастерс, а во Базел првпат после 2010-та победил тенисер од Топ-10 (Стен Вавринка) и стигнал до полуфинале на АТП турнир.
Миша почнал редовно да ги проаѓа квалификациите од главниот ждреб и поставил рекорд со 10 квалификации по ред на АТП. Неговото место во Топ-100 на крајот од сезоната го заслужил со труд и пот.
На Австралија Опен Зверев постариот првпат стигнал до едно четвртфинале на Грен Слем, првпат го совладал првопласираниот тенисер на АТП и влегол во Топ-40. Овие успеси биле возможни благодарение на добрата физичка форма (за неа се грижи Џез Грин кој долго работеше со Енди Мареј).
Тениско семејството
Откако се искачи при врвот на АТП, Миша сега може да остане подолго со семејството. Татко му ги тренира него и неговиот помал брат, а минатата година Миша раскажувал дека на турнирите тие патуваат цело семејство - со мајка им, со кучето Левик а понекогаш и со баба му (мајка му и баба му во своето време исто играле тенис).
Поддршката од семејството му била важна на Миша. Брат му го мотивирал, татко му го тренирал а мајка му пружала емоционална поддршка. Тоа најдобро се илустрираше во победата над Џон Изнер во второто коло кога Миша се врати од 0-2 во сетови.
Зверев изјави дека за време на мечот се сетил како брат му победил меч со пет сета, го жалел татко му кој се нервира на трибините и мајка му која се смешкала и го бодрела после грешките. Бил сигурен дека се ќе биде во ред.
Симнувањето на мајка му во подтрибинскиот простор и прегратки до синот стана традиција на турнирот.
This. ☺️ #AusOpen pic.twitter.com/eVBk9Lh9LD
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 22, 2017
Олд скул тенис
Зверев игра многу агресивно. На мечот против Изнер дури 114 пати тргнал да излегува на мрежа а на мечот против Мареј вкупно 118 пати и тоа покажува како се бори со играчи кои може да работат зад основната линија.
Миша Зверев знае што да направи на мрежа - на преимер поранешниот тренер на Мареј, Бред Гилберт го нарекол Зверев најдобриот играч на мрежа на Австралија Опен годинава.
Зверев просто не му даде на Мареј да ја игра омилената игра од основната линија и постојано одеше на мрежа, му удираше силни форхенди и непријатни бекхенди. Освен тоа, Зверев добро се справи и со вториот сервис на Британецот.
Мареј не играше толку лошо на крајот од краиштата, освои 71 винер и имаше 28 неизнудени грешки, но Британецот не најде решение за излегувањето на Зверев на мрежа. По сензацијата која што ја приреди Истомин против Ѓоковиќ, Миша Зверев направи уште поголем подвиг и го елиминираше бројот 1 Енди Мареј. Се прослави и сега може да ужива до крајот од турнирот. Следен предизвик утре изутрина му е легендарниот Роже Федерер.
Сето тоа е плод на макотрпна работа и тешки животни ситуации. Покажал какви резултати може да донесе агресивната игра и константниот притисок. На пример 19-годишниот Американец Томи Пол после мечот напишал дека од сега ќе излегува на мрежа на секој меч.
Миша Зверев покажа дека олд-скул, тенисот од старата школа и натаму е жив.