Како и кога бананата стана главно овошје во тенисот?

Постојат многу причини зошто на Вимблдон, на пример, за две недели се јадат околу 5 тони од ова овошје кое доаѓа од Југот на Азија и од Папуа-Нова Гвинеја.

После големиот триумф на US Open 2006, Марија Шарапова помалку револтирано им рекла на новинарите:

„Сметам дека во мојот живот бананата не е најглавна. Освоив US Open и луѓето сега не треба да зборуваат за банана“. 

Таква реакција кај Марија предизвикало новинарско прашање зошто татко ѝ за време на финалниот меч во Њујорк цело време и покажувал со гестови да јаде банана и мавтал со ова овошје.

Според една изјава на Шарапова и подоцна нејзиниот тренер, таа толку многу се посветила на играта што заборавила да се напие вода и енергетски да се освежи, па затоа татко ѝ гестикулирал.

****

Играчите постојано јадат банана за време на натпреварите, затоа што таа има многу јагле-хидрати (фруктоза, гликоза и сахароза коишто организмот ги преработува во енергија), како и калиум (кој е нужен за да се избегне дехидрирање, суви усни и ја подобрува работата на срцето).

Бананите имаат и гама-аминокиселина која што е добар невромедиатор кој помага при стресни ситуации.

Енди Мареј во својата автобиографија во 2008 година, бананата ја нарекува „бесмислено овошје“, се жалел дека не се сочни и дека повеќе сака праски и сливи. И покрај тоа, Шкотланѓанецот постојано јадеше банани на сите турнири за време на дуелите „поради тоа што знаел што сè содржат“.

Мареј не е единствен што не ја љуби баш бананата додека траат паузите меѓу гемовите.

„Сите тенисери и тенисерки јадат по пет банани на ден кога имаат тренинзи и натпревари“, изјавила еднаш прекрасната Канаѓанка Ежени Бушар која стигна и до Топ10, но потоа падна во форма.

Бананите толку многу се јадат во тенисот што за две недели на „Вимблдон“ се кркаат до 5 тони банани.

*****

Ова убаво овошје почнало да се одгледува на југо-истокот од Азија во Папуа-Нова Гвинеја уште пред многу илјадници години.

Во тенисот се појавува на средината од XX век. Историчарите раскажуваат дека осумкратниот освојувач на Генд Слем, Кен Роузол ги јадел за време на мечевите уште во ’60-те години, а во ’70-те Џон Мекинро како тренер држел крај теренот кофа со овошје за неговиот тенисер да закрепнува.

Но најголема популаризација направила легендарната Мартина Навратилова. Таа била многу важен претставник на женскиот тенис: „Мартина ја крена физичката подготовка на ново ниво. Таа беше прва која комбинирано одеше во сала и играше кошарка за да се одржува во форма. Немаше некој научен пристап или диети и тоа ме инспирираше“, рекла еднаш Крис Еверт, најголемата ривалка на теренот на Навратилова.

Кога Навратилова изгубила во четвртфиналето на US Open 1982, барала причини за слабата енергија на теренот.

„Чувствуваше дека нешто ѝ фали, дека упорно тренира ама нешто недостига. И разумно заклучи дека проблемот е во храната“, раскажува диетологот Роберт Хас кој се грижел за состојбата на тенисерката.

И советувал да го намали количеството на масти и белковини и рационално да внесува јагле-хидрати.

„По неколку испитувања, сфатив дека идеална комбинација за спортист кој многу се троши физички, е: магнезиум, калиум и витамин B4. И само еден продукт ги има доволно во себе - бананата“, рекол Хас.

Во прво време најдобрата светска тенисерка се мачела на новата диета, но со текот на времето сфатила дека има резултати - од 1983 до 1984 таа изгубила само три меча и имала дури 160 победи!

****

Друг популаризатор на бананите бил Борис Бекер: тој ги „таманел“ за време на Вимблдон 1985 каде на 17 години стана најмладиот шампион во историјата на тенисот.

Германецот толку многу сакал банани што за време на едно интервју за британскиот The Independent јадел банана.

„Германците во просек јадат по 15 кила банани годишно. Таа броја не знам колку е точна зошто во тежок меч со пет сета Борис Бекер го исполнува просекот“, рекол Германецот.

Влијанието на Бекер се распространило и надвор од тенисот. На пример лидерот на групата Muse, Мет Белами открил тајна: „Јадам банана пред секој концерт. Се научив на тоа уште од детството кога ги гледав мечевите на Борис Бекер. Кога тој го освои Вимблдон, постојано јадеше банана меѓу гемовите. И помислив дека тоа е неговото тајно оружје“.

Благодарение на Навратилова и Бекер кои во ’80-те години сами јаделе банани, ова овошје станало практично неизбежен дел од тениските мечеви.

****

Денес бананите се помалку распространети во тенисот затоа што им носат малку полза на играчите.

„Не знам стварно од каде дојде тоа, но играчите мислат дека на теренот им треба овошје со повеќе калиум во него. Тоа е неправилно. Најглавниот електролит кој го губиме со потта е солта, а не калиумот. А фруктозата организмот не одработува така брзо како на пример малтодекстринот кој го содржи во производите кои ги користат спортистите“, раскажала еднаш диетологот Пејџ Лав која е консултант на ATP и WTA.

Таа ги советува играчите да јадат богати јагле-хидрати и солени продукти. 

Во модерно доба, некои играчи воопшто не јадат веќе банани. На пример Новак Ѓоковиќ во својата фамозна книга за исхрана претпочита суво овошје, особено суви смокви.

Но генерално во целиот тенис бананите и натаму се неизоставен дел. На пример на Australian Open 2018, Американката Коко Вандевеј одбила да почне меч додека не и донесат банани и добила опомена од судиите за доцнење.