Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова им предложи на своите следбеници на социјалните мрежи слободно да ѝ пишуваат пораки.
Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова на 32 години стави крај на кариерата поради честите повреди со кои не можеше да излезе на крај.
Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.
Постојат многу причини зошто на Вимблдон, на пример, за две недели се јадат околу 5 тони од ова овошје кое доаѓа од Југот на Азија и од Папуа-Нова Гвинеја.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
За помалку од еден месец започнува најважната спортска манифестација на глобално ниво, ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро. Таму за жал нема да видиме некои од мега-ѕвездите во разни спортови.
Во тенисот сме виделе сè и сешто, од кршење рекети, фрлање топчиња по судијата или гаѓање некој во публика, но ретко се гледа на крај на мечот некој да одбие да се ракува со ривалот, во случајов со противничката.
"Ако е добро за Шарапова, тогаш е добро и за мене," помисли рускиот колективен ум на кој "нешто не ми е арно" па продажбата на неодамна забранетиот лек за спортисти отиде во небо.
Што е заедничко за една од најдобрите тенисерки на светот, Марија Шарапова, и советските супер-војници од времето на Студената војна сред планините во Авганистан? Земањето мелдониум.
Руската тенисерка призна дека 10 години ја користела супстанцата и дека не знаела дека од 1 јануари 2016-та е забранета, но поранешниот претседател на Светската анти-допинг агенција ја нападна дека не е во право.
Препаратот кој го користела Марија Шарапова поради што паднала на допинг, лесно може да се купи во секоја обична руска аптека и една кутија со 40 капсули чини 270 рубљи или 3,42 евра.
Според првичните информации позитивниот допинг тест за руската тенисерка ќе значи суспензија од четири години, но бидејќи ја признала грешката таа може да биде намалена на две.
USA Today успеал да дознае како учесниците на Австралија Опен често имаат проблем со добивање грешни пакети испран веш, пракса која бесплатно следува само на Грен Слем турнирите.
Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.
Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.
Ако слави на УС Опен за што има најголеми шанси, Американката ќе стане првата тенисерка во последните 27 години на која ѝ тргнало од рака да ги освои сите четири Грен слема во една календарска година.
Двете доминанти фигури во женскиот тенис имаат ривалство кое често излегува и надвор од рамките на спортот, а денес на Вимблдон ќе се сретнат во полуфиналето.
Маша Шарапова е најпозната по тоа што многу вика кога го удира топчето, но неа ја надминаа Азаренка и Серена Вилијамс во четвртфиналето. Публиката се смееше, а нив тоа им засмета при поенот.