Марија Шарапова
Со годишна заработка од 29,7 милиони долари, згодната Русинка е најплатената женска атлета за 2015. година. Ова е 11-та година по ред Шарапова да биде најплатена меѓу спортистките.
Серена Вилијамс
Американката е второрангирана по заработката во женскиот спортски свет. Серена одигра фантастична сезона и ги крена најважните трофеи во календарската година од ВТА турнирите. Годинава заработила 24,6 милиони долари што е многу повеќе од минатата година.
Каролина Вознијацки
Дека белиот спорт носи огромна заработувачка, доказ е и Каролина Вознијацки од Данска. Според Форбс таа во 2015. година заработила 14,6 милиони долари од настапи на турнирите и од спонзорскиот пулт.
Даника Патрик
Најдобриот претставник на женскиот автомобилизам, Даника Патрик е на четвртото место по заработка на годишно ниво според Форбс. Американката годинава досега заработила 13,9 милиони долари.
Ана ИвановиќСрбинката која од година во година ги собира сите признанија за најубава тенисерка, годинава заработила 8,3 милиони долари. Во моментов настапува на турнирот во Синсинати каде стигна до четвртфиналето.
Петра Квитова
Поранешната шампионка на Вимблдон, Петра Квитова досега во 2015. година заработила 7,7 милиони долари.
Симона Халеп
Златната романска тенисерка добро ги наплати успешните настапи сезонава. Покрај тоа што напредуваше на ранг листата, девојката од Букурешт во 2015. заработила 6,8 милиони долари.
Ронда Роузи
Американката која се бори во мешани боречки вештини годинава изброила 6,5 милиони долари.
Стејси Луис
Голферката од САД во 2015. година заработила 6,4 милиони долари
Ањешка РадванскаУште една претставничка на тенисот. Полската тенисерка сезонава заработила 6 милиони долари со што го затвора кругот на ТОП10 најплатени женски спортистки.