Роџер Федерер, Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и многу други тениски ѕвезди учествуваа на ревијалниот меч Rally For Relief (Собир за утеха) на кој играчите и навивачите донираа средства за помош во борбата со пожарите во Австралија. АТП соопшти дека играчите донирале вкупно 384.000 фунти.