Под чадор со Ѓоковиќ и други моменти на децата за топчиња

Децата задолжени за топчињата на тениските мечеви често се во фокусот од разни причини поврзани со тенисерите и со нив се наоѓаат на насловните страни.

Децата задолжени за собирање на топчињата првпат биле вклучени во тенисот на Вимблдон во далечната 1920. година. Дури 57 години подоцна по првпат во тоа својство се вклучени и девојките.
 
Болбојс или децата задолжени за топчињата мора да го следат темпото на игра, поради што проаѓаат низ специјална обука која што им овозможува без проблем да ја вршат својата функција. Покрај собирање и враќање топчиња, задолжени се и да им помагаат на играчите (им носат пешкири, пијалак, опрема, чадори итн.).
 
За да станат болбојс треба да минат специјален избор. На некои турнири како Вимблдон проаѓаат по неколку конкурси. На УС Опен на пример работеше 56-годишен дебитант, а во 2012. година дечко од Авганистан со протеза на ногата. Во Мадрид пак, директорот на турнирот немал ништо против топчиња да собираат модели и манекенки.
 

И покрај тоа што нивната задача е техничка поддршка на играчите, не се ретки ситуациите во кои се наоѓаат во центарот на вниманието. Често се жртви на силните сервирања и удари како малиот на Австралија Опен кого Фелисијано Лопез го погоди на незгодно место (Шпанецот потоа изјави дека е спокоен затоа што малиот станал ѕвезда во школо).

Федерер во минатото направи финта и не сакајќи удри едно од децата:

Во намерата да постигнат максимална ефикасност на тернот, децата често наидуваат на разни препреки и стануваат херои на Интернет:

Или детето кое само се удри во ѕидот, па се насмеа:

Неодамна во Рим на мечот Вилијамс - Вандевеге едно од децата задолжени за топчиња колабираше, по што го изнесоа надвор од теренот:

Жо-Вилфред Цонга направи добар гест кога ја изнесе девојката погодена со топче во лице:

И Бугаринот Григор Димитров исто:

Во целата бркотница по топчиња, болбојс понекогаш одат во насока на играчот - како момчето лани во Мајами кој случајно налета на Новак Ѓоковиќ кој револтиран му се изнавика а потоа му се извини нему и на родителите:

Една од најголемите грешки ја направи едно дете на мечот Троицки - Мареј, кога влета на терен пред поенот да биде завршен:

 

Ѓоковиќ имаше и симпатични моменти, како годинава на Австралија Опен кога побара од едно од децата да го истегне како физиотерапевт:

Најдобриот светски тенисер во моментов така пред две години на Ролан Гарос ја воодушеви јавноста кога го седна детето задолжено за топките до себе на дождот и доби апллауз од цел стадион:

Во 2009. година 15-годишната Клои Чемберс излезе на насловната страна на The Times откако на мечот Томи Хас - Микаел Љодра, Французинот при еден удар се залета и падна врз девојчето. Потоа ја повикал Клои да му спарингува на еден од тренинзите:

Еден од појаките моменти беше оној од 2012-та на Австралија Опен кога едно од децата „жива“ ја фати топката од Роже Федерер и доби овации од гледалиштето: