Србија ја демолираше Словенија, другарска средба на Јокиќ и Дончиќ

Пред повеќе од 20.000 гледачи во белградска „Арена“ во генерална проба пред Европското првенство 2025 кое почнува на 27-ми август, Србија ја развали Словенија 106:71. Во публика беше и тренерот на Мајами Хит Ерик Сполстра кој го гледаше Никола Јовиќ, кошаркарот на Хит кој беше најефикасен стрелец со 18 поени. Богдан Богдановиќ постигна 14 поени, Милутинов 11 а Никола Јокиќ и Вукчевиќ по 10. Кај Словенците Дончиќ уфрли 18 поени.

После натпреварот Јокиќ и Дончиќ малку поразговараа, а Никола ја држеше ќерка му во раце:

 

22 август 2025 - 09:51