Каков беше светот кога Федерер последен пат пропушти Гренд Слем

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот Роже Федерер првпат после 1999. година кога не влезе на УС Опен откажа учество на еден Гренд Слем, овојпат на Ролан Гарос.

Пред почетокот на УС Опен 1999, светски рекет број еден беше Пит Сампрас, а кај жените - Мартина Хингис. Русинот Евгени Кафелников беше трет, а убавата Ана Курникова деветта на листата. Идниот шампион Андре Агаси таа ’99-та година го совлада Евгени Кафелников во своето второ и последно финале на УС Опен. Неговата идна сопруга Штефи Граф беше трета тенисерка на светската ранг листа.
 

Во женското финале на УС Опен 1999-та година играа Серена Вилијамс и Мартина Хингис (која тогаш имаше 19 години). На крајот 17-годишната Американка победи и го освои својот прв голем Гренд Слем. Сега Серена има 21 освоен Гренд Слем.
 

Роже Федерер тогаш наполни 18 години и го играл својот прв Челенџер (во пар со Холанѓанецот Сандер Грен). Роже се пријавил да игра квалификации за УС Опен како 106-ти тенисер на светот, но испаднал во второто коло. После УС Опен 20 септември таа година, тој првпат во кариерата влезе во Топ 100 од каде никогаш не излезе. Уште еден важен факт - идната жена на Роже, Мирослава Вавринец, тогаш била 89-та тенисерка на светот. Со Федерер се сретнале на Олимпијадата 2000-та.
 

Денешните главни конкуренти на Швајцарецот - Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј тогаш биле клинци. Ноле и Мареј имале по 12 години а Надал 13. Во 1999 година Надал играл на јуниорски турнир против Ришар Гаске.

Ништо помалку интересно не беше ниту во другите спортови таа година. Мајкл Џордан ја заврши кариерата, но во 2001 година повторно се врати, а Вејн Грецки на неколку месеци го остави хокејот.

Во европското финале на Лигата на шампионите се одигра најдраматичниот дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен кога Англичаните славеа со два гола во длабоко судиско продолжение.

Ленс Армстронг ја освои првата од седумте медали на Тур де Франс, кој потоа праведно му ги одземаа поради допинг скандалот.

Во тој момент во светот имало 1 милијарда луѓе помалку од денес. Никакви социјални мрежи немаше, а пристап до Интернет имаше преку некои чудни звуци.

Во компанијата Apple се врати Стив Џобс и тогаш фирмата се издигна. Се појави новата валута - еврото. Руски претседател до август уште беше стариот Борис Елцин, а на САД Бил Клинтон кој мораше да се повлече поради постапката за импичмент. Владимир Путин тогаш беше многу млад.