Џеко на мегафон им се обрати на ултрасите, му се заканува суспензија
Фиорентина не знае да победи сезонава, има 6 нерешени и 7 порази и се наоѓа на претпоследно место со 6 бода, исто колку што има Верона. Навивачите го губат трпението, а Един Џеко ја презеде одговорноста и се реши за потег, кој е несекојдневен во фудбалот. Се обиде да ги смири навивачите, како и да побара помош и трпение. Според правилата на Серија А, можно е да биде казнет со еден меч суспензија и 20.000 евра, бидејќи на играчите им се забрането да се конфронтираат со навивачите.