Се испоставило дека на 10 минути пред мечот против Јохана Конта во Сан Хозе, Серена прочитала на Инстаграм дека убиецот на нејзината полу-сестра Јетунде излегол на слобода.
„Не можев да престанам да мислам на тоа. Беше тешко затоа што постојано мислам на нејзините деца и за тоа колку тие ми значат и колку многу ги сакам“, рекла најдобрата тенисерка на сите времиња.
Циничните луѓе не можеле да поверуваат во драматичната историја за нивната сестра се додека јавно не се објавило.
Роберт Едвард Максфилд којшто ја убил Јетунде Прајс го пуштиле поради добро поведение уште во март годинава. Официјалниот сајт на Департментот (министерството) за правда на САД утврдило дека роднините на жртвата може да добијат известување за судската расправа за помилување само ако се заведени во системот, а може да бараат и специјално писмо со образложение на одлуката на кое се чека еден месец.
Серена дента кога ја дознала веста изгуби 1:6; 0:6 и тоа бил најголемиот нејзин пораз за 22 години професионална кариера - таа првпат откако игра тенис не освоила ни два гема.
Веднаш после мечот Американката изјавила: „Конкретно сега имам толку работи низ глава што не е ни чудно што изгубив и не го играв својот тенис.“
***
Јетунде била единородна сестра на Серена и Венус од заедничка мајка. Орасин Прајс ја родила Јетунде уште пред да се запознае со Ричард Вилијамс со кого ги добила Серена и Венус.
И покрај тоа Јетунде секогаш била многу блиска со тенисерките. Во 2007 година Серена раскажала како полу-сестрата во раното детство и менувала пелени а најдобрите пријателки на Јетунде раскажале дека до самата смрт секој ден Јетунде разговарала со помладите сестри без оглед на големите разлики во временски зони кога тие се на турнирите ширум светот.
Освен тоа, Серена и Венус јавно и се заблагодариле на Јетунде за поддршката во 2002 година кога мајка им Орасин на суд се разведувала со татко им Ричард. Таа им помагала да сфатат дека семејството веќе нема да биде заедно.
****
Јетунде ја убиле на 14 септември 2003 година во калифорнискиот град Комптон, каде Серена и Венус на времето почнале да тренираат тенис.
Една од легендите за детството на најдобрите сестри-тенисерки во историјата вели дека кога еднаш играле на отворено, во квартот каде бил теренот почнала жестока престрелка.
Комптон е град во кој никогаш немало повеќе од 100.000 жители, но овој град долго време важел за еден од најопасните во САД. Во време на убиството на Јетунде таму било многу ризично за живот.
Според податоците на ФБИ, во 2003 година во Комптон биле извршени 43 убиства. Во просек по 44,5 убиства а во САД тогаш средниот показател покажувал 5,7 убиства во просек по однос на население на цела територија.
Страшно звучи фактот дека по најтешки дела (убиства, силувања, грабежи и тешки кривични дела) Комптон имал три пати повеќе од цела Америка: 1604 дела во однос на 475 дела на 100.000 жители.
Во Комптон полицијата во 2005 година го почнала програмот „Подарок за пушка“ којшто им дозволувал на жителите да го вратат оружјето кое го поседуваат а за возврат добивале од 50 до 100 долари. Овој метод на борба со вооруженото насилство се испоставил за успешен па го имплементирале и во другите градови во Америка.
Во последните години нивото на кривични дела се смалило но и натаму во Комптон е повисоко во просек од другите големи градови во САД. На пример во 2010 година Комптон го заземал осмото место по број на престапи во Америка.
Главна причина за таквото нешто се бандите кои го разделиле градот меѓу себе и на пример еден дел се вика „Бомптон“ каде владее бандата Бледс. Оваа криминална група принципелно не ја користела англиската буква „С“ која е почетна во името Комптон.
Токму затоа една песна на рап групата YG не се нарекува Cool, Calm & Collective туку „Bool, Balm & Bollective“.
****
Јетунде, полу-сестрата на Серена и Венус настрадала во бандитска престрелка кога додека со дечко и се возела со џип во опасен реон, кон дечко и почнале да пукаат од една зграда.
Се испоставило дека таму имало склад со наркотици кои го чувале членовите на бандата Southside Crips. Еден од нив бил и 23-годишниот Роберт Едвард Максфилд кој пукал од AK-47 (Калашников). Еден куршум ја погодил Прајс во главата.
Нејзиниот дечко Роланд Вормли бил во паника: „Пробував да избегам некаде на безопасно место. Кога избегавме возев право и прашав: ’Душо, се ли е во ред?’. Се свртев кон неа и видов дека цела беше во крв.“
Тогаш ја однел дома кај мајка и и таму викнале Брза помош. Јетунде ја однеле во болница каде констатирале смрт.
Набрзо после тоа полицијата го уапсила 24-годишниот Арон Хамер кој заедно со Максфилд пукал кон џипот со пиштол. Хамер изјавил дека отвориле оган затоа што нив ги нападнале. Освен тоа имало сведоци кои изјавиле дека прво слушнале истрели од колата во која била сестра им на Серена и Венус, а истрагата утврдила дека вечерта од џипот се пукало и кон друг стан.
Полицијата го уапсила и партнерот на Јетунде кој бил пуштен на условна слобода од затвор каде лежел поради продажба на наркотици и неовластено поседување оружје.
Во базата на информации во полиција тој бил поврзуван со Mac Mafia Crips кои биле во судир со бандата на Максфилд. Вормли негирал било какво учество во престрелка и набрзо го ослободиле зошто ниту на рацете ниту на облеката не нашле никакви отисоци од оружјата и куршумите.
А Максфилд неколку месеци се криел од полицијата. Го фатиле во јануари 2004 година и наскоро се појавил на суд.
****
На Едвард Максфилд за ова дело му суделе три пати (Хамер го ослободиле после првото рочиште). Два пати обвинителството предлагало обвинение за убиство и два пати судот одбивал такво нешто затоа што поротата не можела едногласно да реши. Во вториот случај 11 судии биле спремни да го прогласат него за виновен но поради само еден кој не се согласувал, обвинението не можело да биде покренато.
Во 2006 година Максфилд се нагодил со судот. Неговото дело го преквалификувале од убиство со намера во поблага форма. Максфилд не ја негирал својата вина и го осудиле на 15 години затвор со можност за условна слобода.
Daily Mail пишувал и дека откако го пуштиле на слобода, набрзо повторно го уапсиле за кршење на условната слобода. Тој сега може да се врати во затвор.
****
Американската јавност логично го поставувала прашањето зошто Јетунде Прајс во 2003 година останала во Комптон кога нејзините сестри толку долго време живееле сами во елитниот реон на Флориде во вила вредна 3 милиони долари?
Семејството Вилијамс заминало од Комптон уште во 1991 година но 19-годишната Јетунде останала и пробала да живее самостојно.
После тоа завршила школо за медицинска сестра, се омажила и родила три деца. Серена и Венус и нуделе помош, ја викале кај нив дома да се пресели со децата но таа секогаш одбивала. Неверојатно е што дури и на нивните мечеви таа летала на свој трошок.
Но поддршка и требало после разводот: таа станала помошна сестра и благодарение на нејзината плата можела да си плати школување во сферата на бизнисот. Набрзо отворила салон за убавина каде и работела кога ја убиле.
Јетунде пред смртта се преселила од Комптон но не многу далеку - во соседното предградие Корон каде со дечкото биле на денот на убиството.
Смртта на Јетунде многу влијаела на сестрите Вилијамс. Серена паднала во депресија и се обратила кај психолог. Во 2006 година се појавила на суд и рекла дека ништо не и значи ако убиецот се кае за делото и дека неправедно му е доделена условна казна.
Во 2016 година Серена и Венус во Комптон отвориле центар за помош на жртвите од насилство и го нарекле во чест на Јетунде. Девиза на центарот е „Да им помогнеме на другите да ги залечат раните“.