Во 1998. година сестрите Венус и Серена изјавиле дека би го победиле секој машки тенисер надвор од Топ 200.
Изјава како измислена за господин Карстен Браш, кој го прифати предизвикот и набрзо договори меч со сестрите, по еден сет со секоја. Нивниот дуел беше во склоп на "Battle of the Sexes" кога ревијално играа тенисери против тенисерки.
Германскиот тенисер четири години претходно бил 38. на АТП листата (јуни 1994) и важел за еден од најдобрите европски тенисери, но неговиот начин на живот и неспортските навики со текот на времето го истуркале надвор од ТОП 200 и тоа баш како препорачано, во тој момент бил 203.
Кога се мисли на неспортски навики, се мисли на тоа дека на паузите меѓу гемовите наместо банани, палел цигари а место вода, пиел ладно пиво. А после напорните натпревари наместо во кревет, продолжувал во провод и заспивал по шанковите.
Браш бил тенисер кој еден германски новинар го опишал како човек кој пред и после секој тренинг пуши кутија цигари и пие кригла пиво. И така, веќе помалку заборавениот Карстен Браш со цигара во уста и здив кој мириса на пиво доаѓа да игра со супер-модерните и ултра спремните сестри Вилијамс.
Исходот: Серена освоила само еден гем, а Венус дури два.
Поента: Сестрите Вилијамс се едни од најголемите спортистки во историјата и веројатно никогаш нема да постои подобри сестри тенисерки од нив, но некогаш навистина знаат да кажуваат пиздарии.
Via: Vragolasti tenis