Минатата недела Серена Вилијамс твитна: „И пак одново за ’случајна’ проверка на допинг ја одбраа само Серена. Веќе е докажано дека од сите играчи мене ме проверуваат најчесто од сите. Дискриминација? Мислам дека да. Но во крајна мера, благодарение на мене спортот е чист. Затоа сум спремна на се така што напред. Јас сум за“.
Ова е кулминација на тоа што и се случувало во последните месеци а може да се сведе на две тези:
1. Серена Вилијамс на допинг ја проверуваат најмногу од сите други.
2. Тоа изгледа неправедно и неосновано.
Минатата недела новинарите ја проверувале вистинитоста на овие тези и дошле до заклучок дека Серена сепак не е сосема во право.
Одиме по ред:
ТЕЗА 1
Мислењето дека најтрофејната на сите времиња ја проверуваат повеќе од сите го делат и нејзините навивачи. После статијата на Deadspin во која пишува дека Антидопинг агенцијата на САД (USADA) годинава дури пет пати ја проверувало Вилијамс - повеќе од кој било друг американски топ спортист.
Во тенисот главната антидопинг агенција ја врши Меѓународната тениска федерација (ITF). Според нив минатата година бројот на тестови за Серена биле практично идентични како и нејзините американски колеги, и идентични како и за Роџер Федерер, Рафаел Надал и Каролин Вознијацки.
Новинарката на ESPN, Алиса Реник, која пиша статија на темата вели:
„ITF се стреми да соработува со националните организации, како USADA, со цел максимално ефективно да ги искористи ресурсите и да избегне евентуални грешки.
Кога спортистот настапува на меѓународно ниво или игра надвор од границите на својата земја, јурисдикцијата ја има ITF. Поради тие инструкции, Серена, која што помина поголем дел од првата половина на 2018 во САД, USADA ја проверува почесто отколку играчот кој во тоа време играл надвор од границите каде за тестовите одговара ITF“.
Дури и да ги погледнете бројките од USADA, Серена не е најмногу подвргнувана на допинг. Како што покажал Тумаини Карајол, годинава Вилијамс е проверувана 41 пат, а пред неа се Џон Изнер (42 пати), Винус Вилијамс (43), Мајк Брајан (43) и Боб Брајан (56).
По повод своето „лидерство“ на листата Боб Брајан напишал на својот профил: „Поздрав до мојот агент од USADA Џон, кој беше кај мене дома почесто од моите родители и ги виде моите јајца почесто од мојата жена!“
До оваа година, Серена само еднаш се нашла на списокот на најпроверени: Во 2014-та, кога со сестра ѝ Винус, со Боб Брајан и Вејн Одесник направиле по 10 анализи. Конкретно, овие статистики Карајол ги објавува од 2013 година, затоа што претходно USADA тенисерите не ги викала често на допинг-тестови, туку само по пар пати во годината.
ТЕЗА 2. СЕРЕНА ЖРТВА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Тезата дека Серена е почесто тестирана на допинг од останатите топ-играчи го разгорела спорот за дискриминација.
Во својот твит, Серена под наводници го ставила зборот „случајно“ избрана. А по статијата на Deadspin таа барала сите да ги проверуваат подеднакво.
Професорот по спортски менаџмент на Технолошкиот универзитет во Сиднеј, Дерил Адзир ги проучил документите и објавил дека решенијата за допинг-проба не се обврзани да бидат случајни, а некои спортисти се должни да се тестираат почесто од останатите.
На крајот од 2016 година, WADA (Светската анти-допинг агенција) објави документ под наслов „Меѓународни стандарди на тестирања и истражувања“. На 33 страници во овој документ пишува дека таргетираните конкретни спортисти имаат приоритет над случајниот избор. Тоа дозволува поефективно да се користат ресурсите.
Адзир пишува во својата публикација: „На инструкциите на WADA влијаат разни фактори кои може да доведат до таргетирано тестирање, на страна од националните антидопинг агенции како што е USADA. Неколу од нив се однесуваат и на Вилијамс: спортистите на највисоко ниво (23 титули на Гренд Слем во сингл), спортистите после повреди (проблеми со грбот) спортисти во последна етапа од кариерата (36 години) и спортисти кои се враќаат по завршување на кариерата“.
Шефот на антидопинг програмот на ITF (Тениската меѓународна федерација), Стјуарт Милер исто изјавил дека постојат специјални и дополнителни критериуми за тоа кои играчи имаат приоретно тестирање на допинг.
Пред Ролан Гарос сезонава, Серена Вилијамс изјави: „И пак ме викнаа на антидопинг - втор пат за една недела. Јас се трудам да го одржам спортот чист. Дури и да бидам 454 рекет на светот, ќе ме проверуваат два пати неделно“.
Необично, но изгледа дека и по 23 години во врвниот професионален тенис, Серена уште не разбрала како работи антидопингот.