Кога минатото лето Венус Вилијамс стигна до финалето на турнирот во Монтреал, победувајќи притоа четири ривалки подобро пласирани од неа (ја совлада и Серена), се восихитувавме на нејзината способност да ги надмине тешкотиите и да се исправи од почеток.
Славната тенисерка во јануари 2011. година се соочи со автоимуна болест (Шегренов синдром) поради која не настапуваше на турнирите и падна на 105. место на ВТА листата. Сепак, како што вели самата, не знае за оправдувања, почнала да вежба напорно за да се врати во врвот и сега полесно дише.
Сезонава Венус Вилијамс бележи одлични резултати во елитата. Победи на три турнири, стигна до 700. победа во кариерата, првпат после пет години дојде до четвртфинале на два Слема и стана прва тенисерка после Мартина Навратилова која како највозрасна била во Топ 10 на ранг листата. Навратилова имаше 38 години кога на 1. јануари 1995. година беше меѓу 10-те најдобри тенисерки на светот.
На Венус ѝ падна тешко што не доби повик да игра на турнирот во Сингапур, но ја зграпчи слендата шанса и го освои турнирот во Жухаи (Кина). По тој триумф, за првпат во оваа деценија се врати во Топ 10. Тоа значи дека и после 20 години врвен тенис, 35-годишната Венус Вилијамс и натаму е при самиот врв.
Првпат после 7 години, Венус во иста сезона освои 3 титули (Оукланд, Вухан, Жухаи). Вилијамс постарата неделава стана седма тенисерка во светот. Благодарение на 700. поени освоени со триумфот во Жухаи, Венус на листата ги помина шампионката на УС Опен, Флавија Пенета, финалистката и полуфиналистката на Ролан Гарос, Луси Шафарова и Тимеа Бачински, а ја престигна и Анжелик Кербер.
12-та од своите 21 сезони во професионалниот тенис, Венус ја завршува ВТА неделата меѓу Топ 10. Американката кога првпат влезе во ТОП 10 на ВТА листата во 1998. година, пред неа беа сега веќе легендарните Аранча Санчес-Викарио, Јана Новотна, Мартина Хингис и Линдзи Девенпорт.
Пред 17 години, во март 1998. година со победата во Мајами, Венус влезе меѓу ТОП 10. Тогаш имаше 17 ипол години. Дури 41 победа оствари сезонава Венус Вилијамс и со тоа се приближи на најдобрата сезона во нејзината кариера, во 2007. година кога имаше 50 победи.