
Серена Вилијамс годинава има 48 победи и 2 порази. На тврда подлога таа има учинок 32-3. Минатата година го освои шестиот УС опен во нејзината кариера, а трет по ред. Оттаму овој Грен слем го доби прекарот Серена Слем. Вилијамс помладата, која следниот месец ќе наполни 34 години последните години мина низа препреки, болести и проблеми.
„Овде сум. Не знам што ќе се случува, но јас сум овде“, насмеана најави Серена на генералката во Синсинати овој месец.
Штефи Граф, Германката која имаше убиствен форхенд и спринтерска брзина во 1988. година го освои Грен Слемот заедно со Олимпиското злато истата година. И тоа на 19 години. На 27 мечеви на Австралијан Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, Штефи Граф загуби само два сета. Во финалето на Ролан Гарос, таа ја победи Наташа Зверева 6-0, 6-0 за само 32 минути.
Својот прв УС Опен, Серена го освои во 1999. година.
„Се двоумев, изморена сум, но на крајот решив да настапам и годинава. Мотивот ми е голем кога и да излеам на теренот на УС Опен“, додава Серена.
На УС Опен, Серена ќе има една препрека помалку, затоа што Марија Шарапова го откажа учеството поради повреда. Второрангираната Симона Халеп од Романија сè уште нема Грен Слем трофеј и на 7 средби со Серена Вилијамс има само една победа. Каролина Вознијацки е во пад на формата и цела сезона беше повредена. Таа не ја победила Серена повеќе од три години.
Сè вкупно, Серена Вилијамс има учинок од 34-2 против наброените тенисерки. Во првото коло од УС Опен ќе се сретне со 86-то рангираната Виталија Диатченко од Русија.