Третиот ден на US Open имаше дожд, па многу натпревари синоќа не почнаа во предвидениот термин. Се играше само на двата најголеми терени, Артур Еш и на Армстронг, каде има покрив.
Интересно, првиот сет од мечот против Елина Свитолина го загуби Винус Вилијамс која имаше желба да стигне што подалеку на домашен терен. Откако заврши првиот сет, Американката си нарачала кафе кое нејзиниот тренер Ерик Хетчман му го подаде на едно од децата задолжени за топчиња, а овој потоа го стави на теренот каде беше столчето на Венус.
“Coffee delivery for Ms. Williams...
— US Open Tennis (@usopen) August 28, 2019
...........Ms. Williams?”
☕️😂@Venuseswilliams | #USOpen pic.twitter.com/M3gmy1rDra
Откако го испи кафето, Вилијамс освои три гема по ред, направи и еден брејк а спаси и четири брејк топки. На крајот 39 годишната Венус не издржа и Свитолина ја реализираше првата меч топка за пласман во следната рунда.
Овој случај е редок, но не е незабележителен, тенисерите да пијат кафе на терен. Освен кафе, Гаел Монфис пример знае да пие кока кола, а кафе на сред меч има нарачано и Стен Вавринка кога успеа да го совлада Рафа Надал на Мастерсот во Париз.
Кафе на сред натпревар пиеше и Серена Вилијамс, која за време на мечот од Хопман Купот губеше сензационално со 0:5 од Италијанката Флавија Пенета и во еден момент реши да ја праша судијката Алисон Хјус дали би ги нарушила правилата ако нарача „еКспресо“ (така го именуваше Серена Вилијамс). Хјуз се консултирала со колегите, а Серена објасни дека „е мртва“ и ако може најцрното можно кафе за неа.
На крај Серена славеше 0:6, 6:3, 6:0.
А сестра ѝ Венус втор пат месецов нарача кафе, откако претходно пиеше во Синсинати каде ја совлада Дона Векиќ која е 15 години помлада и 30 места подобро рангирана на ранг листата.
Кофеинот е под надзор на WADA (Светската анти-допинг агенција) уште од 2016 одина. Тоа значи дека кафето не е забрането сеуште за време на натпреварите, но анти-допинг контролите не се баш најрадосни кога спортистите го користат.
А имало и случај кога некогашната 13-та тенисерка на светот Лариса Савченко-Нејланд еднаш испила 8 кафиња во еден ден и паднала на допинг-тестот кој покажувал чудни резултати.