Бајката за девојката од Флорида

Од 957-ма на светот до победничка на Гренд Слем

Само 69 дена откако се врати од 11-месечна пауза поради повреда и шест недели откако рејтингот ѝ падна на 957 место, Слоан Стивенс направи чудо и го освои првиот Гренд Слем во кариерата.

На 24 години, со голем талент, физичка снага и прекрасен тенис, младата Американка би можела да отвори една нова пост-Вилијамс ера во тенисот.

23 јануари: Слоун Стивенс го оперирала левото стопало каде имала скршеница - проблем кој го забележила по крајот на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.

31 јули: ВТА како и секоја недела објави ранкиг и 24-годишната Стивенс беше на шокантното 957 место, и тоа на само неколку дена по нејзиното враќање на терен на Вимблдон каде Алисон Риске ја елиминираше во првото коло.

9 септември: Слоун Стивенс го освојува УС Опен откако во финале ја декласираше совршената Медисон Кис за точно еден час игра 6-3 6-0 и за првпат освои еден вреден Гренд Слем. Со освојувањето на УС Опен на Артур Еш стадионот, заработи чек од 3,7 милиони долари и вреден пехар.

И сето тоа на само шест недели откако речиси испадна од првите 1.000 тенисерки на светот. Бајката на девојката од Плентејшн, градче на Флорида се оствари во Њујорк. На патот до финалето ги победуваше Винчи, Цибулкова, Барти, Гергес, Севастова, Венус Вилијамс и во финалето најдобрата другарка во светот на тенисот, Медисон Кејс.

Таа веќе не мора да се бори со притисокот за „новата Серена Вилијамс“, етикета која што оправдано и ја наметнаа откако во 2013-та ја совлада најдобрата американска тенисерка во историјата на Австралија Опен.

Наследна спортистка

Стивенс има спортски гени. Мајка и Сибил Смит (на фото) на универзитетот се занимавала со пливање, а тато Џон бил професионален играч во американски фудбал. Токму мајка ѝ Сибил самостојно ја воспитувала и растела, а првпат ја однела малата Слоун на тенис на 9 години.

„Мама сакаше да имам активност после школо затоа што во спротивно како и сите деца, седе дома и играв видеоигри“.

После три години Стивенс почнала индивидуално да тренира дома а школото го завршила во 2011-та.

„Со тенис сериозно почнав да се занимавам на 15-16 години кога за мене почнаа да се интересираат агенти. Тоа беше напорно, но кога најдов решение се беше полесно и играв поспокојно“, се сеќава новата шампионка на УС Опен.

Слоун Стивенс не го знаела татко си до 16 години а и по запознавањето се видела со него неколку пати. И покрај тоа меѓу нив двајца имало многу добар и близок однос иако комуникацијата воглавном им била преку телефон.

Семејна трагедија

На 1. септември 2009 година, Џон Стивенс, таткото на Слоун имал тешка сообраќајна несреќа - во селската месност на Луизијана не успеал да го управува добро пикапот и се удрил во дрво. Не бил врзан со појас така што излетал од кола и загинал на лице место.

Стивенс во тој момент била во Њујорк каде се спремала да го игра јуниорскиот УС Опен откако не се квалификувала на сениорскиот. Мајка и се сеќава на тој ден:

„Кога дозна за инцидентот таа еден час плачеше на цел глас а потоа кажа дека сака да излезе на теренот. И во следните два часа само го удираше топчето“.

На крајот од 2009-та Стивенс добила статус на професионалец а во следната го имала најголемиот јуниорски успех - освоила три Гренд Слема во парови. Во сезоната 2010, тенисерката од Калифорнија ја завршила сезоната како 198. рекет на светот а во следната 97-ма и била најмлад играч во Топ-100. Во 2012 првпат стигна на 38. место.

Се прослави на Australian Open

Во 2013 година на славниот Australian Open, Стивенс ја победи нејзината сонародничка Серена Вилијамс и стана првата помлада Американка од неа во историјата на која и успеало тоа.

По тој австралиски Гренд Слем, Серена првпат се појавила во Топ-20 и станала единствен тинејџер таму. Наскоро се појави на CNN, гостуваше на шоуто на Елен ДеЏенерес и се сликаше за Vogue. Таа сезона се покажа себе како играч за големи дела: на сите Гренд Слемови стигна до втората недела, на три од нив губеше од идните шампионки а на четвриот од финалистката Шарапова.

Проблемите со Серена

По големиот триумф над Серена на Австралија Опен, тогаш 20-годишната и незрела Стивенс вербално ја нападна Вилијамс:

„После Австралија таа не прозборе со мене ни збор, ниту се поздрави со мене ниту гледаше во мене и не беше со мене во иста соба. Зборувала како сум јас дете а потоа ме отследи од Твитер. Сериозно. Луѓето се должни да знаат, сите мислат дека таа е мила но не е така. Тоа не е вистина. Добрите луѓе не те отследуваат од Твитер и не се тргаат од тебе.“

После егоистичниот твит на Серена Вилијамс кој се знаеше за кого е наменет, Стивенс се сетила за својата прва средба со Серена и Венус Вилијамс пред сега веќе 12 години на меч од Куп на Федерации.

„Цел ден ги чекав за да земам автограм а тие само поминаа на три чекори од мене и не ми се потпишаа на постерот. После некое време пак ме видоа и пак ме одминаа. Од тој момент Вилијамс веќе не ми беше најомилена тенисерка и останав на Ким Клајстерс. Чудно е од каде Серена е мој идол во детството. На моите 16 години од животот таа ништо не ми кажа и немаше ништо за мојот тенис. Така се однесува и денес“, распали Стивенс по Серена пред неколку години.

На крајот на таа година од славјето против Серена во Мелбурн, Стивенс беше близу дебито во Топ-10 но ја заврши сезоната на 12. место а во следната сезона стана жртва на „кризата на втора година“ која што се јавува кај сите тенисери и тенисерки.

Големиот пад ја приморал во летото 2014-та да се раздели со тренерот Пол Анакон и работела со Томас Хогсетедт, Ник Савиано, Камо Мареј и Тејлор Таузенд.

Сезоната 2015 Стивенс ја започна убедливо на првите четири турнири победи два големи меча а на Индијан Велс и Мајами оствари седум триумфи. И следеше европска авантура каде стигна на две полуфиналиња (на земја во Стразбур и на трева во Истбурн). Летото 2015-та го започна како единствена американка во Топ-60 иако не играла во ниту едно сингл финале на WTA.

ПРВИОТ ВРЕДЕН ПЕХАР ВО СЕНИОРСКА КАРИЕРА

 

NYC.

A post shared by Sloane Stephens (@sloanestephens) on

Набрзо го смени тоа и во Вашингтон го крена пехарот и ја прослави својата прва титула. На стартот на 2016-та играше три финалиња и сите ги загуби. Пролетната победа лани во Чарлстон ја приближи Стивенс меѓу првите 20 на ранкингот но летото 2016-та доживеа повреда на стопалото, се оперираше и во следните 10 месеци паузираше од тенисот.

Враќањето и тешкиот пат до врвот

Слоун Стивенс се врати на Вимблдон и на двата турнири во сингл и во парови испадна во прво коло, испадна од Топ-900 и си признала себе дека порано или подоцна ќе се врати. Сезонава стигна до полуфиналето на Торонто и Синсинати а викендов го освои и US Open, со неверојатен учинок периодов од 15 победи на 17 меча. Од денес таа и официјално е 17-та тенисерка на светот. А пред еден месец беше 934-та.

Љубителка на земјени терени

Како и сонародникот Џек Сок со кого Стивенс извесно време имала романтичен однос, така и Слоун обожава да игра на земја. Нетипично за американските играчи но резултатите потврдуваат: До US Open 2017 на сите турнири од серијата Гренд Слем, Стивенс најдобро играла на Ролан Гарос. Конечно до титулата на US Open, Стивенс славеше и во Чарлстон каде има земјен терен.

Се плаши од мали бубачки

Слоун Стивенс пати од гермофобија - патолошки страв од бактерии

„Буквално секогаш носам со себе антибактериски гел. Во торба, во ранец, во новчаникот - секаде! Во светов има толку многу инсекти. Не сакам кога непознати луѓе сакаат да ми направат ’да пукне’. Тоа е ужасо. Јас вас не ве знам, не знам што сте фаќале со рацете, па не ме допирајте. Сте го гледале филмот ’Зараза’? Тоа е тоа. Се може да се случи, па мора да бидете внимателни“, вели за педантноста Слоун.

Интересно пред неколку години таа изјави дека го обожава Рафаел Надал но кога го гледа неговиот фамозен потег со вешот, не знае дали би се поздравила со него. На приватен план, Стивенсон е во врска со американскиот фудбалер Џози Алтидор кој игра за репрезентацијата на САД. Интересно додека таа го освојуваше US Open, Алтидор дал два гола во победата на неговиот Торонто од 4:0.