Синоќешниот дуел на Рафа Надал против жестокиот Доминик Тим со право новинарите го насловуваат херојски. И нормално, не е прв таков на „Бикот од Мајорка“.
Само 69 дена откако се врати од 11-месечна пауза поради повреда и шест недели откако рејтингот ѝ падна на 957 место, Слоан Стивенс направи чудо и го освои првиот Гренд Слем во кариерата.
22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.
Пет порази на шест турнири, последниот синоќа од Вердаско во Мајами. Шпанецот губи од противници против кои порано се шегуваше на терените и сега едвај чека да почне сезоната на земја. Не е веќе трет во светот, а му се заканува нов пад на листата.