Вимблдон 2016

Непознатиот Французин кој стигна до четвртфинале на Вимблдон

22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.

Пробојот го направи сезонава
 
Во последните неколку години, Лукас Пује кој на 23. февруари наполни 22 години, напредуваше на рејтинг листата, но најзначаен напредок направи сезонава. Најпрвин стигна до финалето на ATP во Букурешт каде го загуби решавачкиот меч од Фернандо Вердаско. Потоа првпат во кариерата стигна дури до полуфинале на еден Мастерс: На земја во Рим каде загуби од Енди Мареј за помалку од еден час.
 
Дека светот добива нова млада тениска надеж, Лукас Пује покажа со победите над тенисери од ТОП 10: славеше против осмиот рекет на светот Давид Ферер на турнирот во Мајами, потоа во Монте Карло го совлада десето-рангираниот Ришар Гаске а на крајот повторно успеа во Рим да го победи неуморниот борец Давид Ферер (9).
 
На Вимблдон Пује стигна без ниту една победа на тревната подлога во кариерата (0:4). Но веќе оствари неколку сензационални победи и стигна до четвртфиналето (само трет пат во кариерата на Грен Слемовите го пројде првиот круг).
 

Сезонава Пује ја започна како 78. играч на светот, а врз основа на резултатите на Вимблдон веќе го обезбеди 21-то место. И не заборавајте дека на Australian Open Пује со сонародникот Адриан Манарино стигна до полуфинале на турнирот во двојки.

Сезоната ја спремал со Федерер и Мареј

Во февруари 2015. година Пује решил да се пресели од Париз во Дубаи. Причината е проста: подобро тениска инфраструктура. Изјави дека му било тешко да се пробие во францускиот Национален тренинг центар и затоа решил базата да ја пресели на друго место.

Преселбата во Дубаи веќе му носи резултати. На примери, го победи Бернард Томиќ во четвртото коло на Вимблдон со резултат 10:8 во последниот сет. По мечот со Томиќ изјави дека му е добро натпреварите да му траат подолго и да игра секој ден затоа што во Обединетите Арапски Емирати тренирал долго време на силно сонце и може да издржи поголеми напори.

Покрај тоа, во Дубаи, Пује добил незаборавно искуство. Во 2015-та година и на почетокот на оваа година таму учествувал на собирот на најдобрите и тренирал со Роџер Федерер (идол на младиот Французин) и со Енди Мареј. Според тренерот на Пује, Емануел Планк, искуството од Дубаи било многу корисно затоа што му помогнало на младиот тенисер да сфати колку е тежок патот до врвен тенисер.

„Гледавме како Роџер работи. Изгледаше се така лесно, но напротив, тој има страшно многу квалитетни потези до конечниот удар. Не можевме да веруваме како го прави тоа. Го видов како тренира од напладне до девет навечер, а потоа се пресоблекува и оди во бања со смрзната вода. Корисно ни беше се што научивме од него".

За разлика од мнозинството колеги на турнеите, Пује има диплома од виша школа, иако е важно да се знае дека во Франција овој степен се доделува врз основа на завршено средно училиште. За време на тренинзите, Пује се фокусира и на социо-економскиот профил, полага испити а дури пропуштил и некои младински турнири.

Закачката на Пује со Дел Потро на Вимблдон кога Аргентинецот му викна: „Замолчи“

Финско-шведски корени

Мајката на Лукас - Лена Стенлуд е од Финска иако е етнички чиста Швеѓанка. Со татко му се запознале во Велика Британија каде двајцата биле по работа. Како резултат на сите овие особености, родителите на Лукас на прв поглед зборувале со него на англиски јазик. Во детството, Лукас Пује два пати годишно патувал во Финска и до 18 години имал право на финско државјанство, но го загубил тоа право кога одбил да го служи задолжителниот воен рок. Лукас со тенисот започнал на осум години, кога на 200 метри од неговиот дом се отворил нов тениски клуб.

Кога Французинот го прашале да раскаже некои необични анегдоти од животот на Челенџер и Фјучерсите, тој се сетил на патувањето во Узбекистан.

„Имав некои проблеми со визата и 7-8 часа бев фрлен во самица. Уште кога стигнав во 14 часот напладне имав некои нејаснотии со визата, ме сместија во ќелија и не беше нималку наивно. Многу се вознемирив кога дознав дека куферот не ми стигнал и кога ја затворија вратата од ќелијата. Напнат бев, но сега се смеам кога ќе се сетам на тој случај. Добра приказна", вели најголемото изненадување на Вимблдон 2016.

На патот до четвртфиналето кое го игра денес против Томаш Бердих, Французинот ги победуваше Копил, Јанг, Дел Потро и Бернард Томиќ. Денес од 14:00 ќе има голем испит против чешкиот гигант.