Надал се пласираше во полуфиналето на УС Опен после страшна борба која пред 23.770 гледачи траеше 4 часа и 50 минути! Рафа и Тим одиграа исцрпувачки меч во кој Шпанецот првиот сет го изгуби со катастрофални 0-6 за на крајот да се крене и да победи со 3-2 во сетови (0:6, 6:4, 7:5, 6:7 (4:7), 7:6 (7:5)!
Ова беше и најдолгиот меч во историјата на УС Опен:
Одбраната на титулата на УС Опен Надал ќе ја продолжи против Хуан Мартин Дел Потро во полуфиналето.
***
КОИ СЕ НАЈЕПСКИ МЕЧЕВИ ВО КАРИЕРАТА НА НАДАЛ:
2004: Финале на Дејвис Куп против Енди Родик
Американците воделе со бодовите кои ги донел Родик, тогаш тенисер број 2 на светот. Надал тогаш имал само 18 години и морал да ја одбрани честа на Шпанија. По голема битка го добил Родик со 3-1 во сетови (6-7, 6-2, 7-6, 6-2).
2005: Финале на Рим против Гиљермо Кориа
Епска битка за титулата во „вечниот град“ која што Надал ја доби 6-3, 3-6, 6-3, 4-6, 7-6(8-6).
2008: Финале во Хамбруг со Федерер
Рафа за првпат во кариерата го освои турнирот во Хамбург и тоа во финале против моќниот Роџер Федерер, бранител на трофејот таа година и четирикратен шампион во германскиот град. Швајцарецот пред тој меч имал серија од 29 победи во Хамбург и вкупно 41 меч во Германија.
При водство од 5-1 Рафа мораше да го повика својот физиотерапевт поради повреда, потоа издржа до крај и славеше.
Надал на крајот лавовски се избори за триумф од 7-5, 6-7 и 6-3 во меч во кој првиот сет ќе остане антологиски.
2008: Финале на Вимблдон против Федерер
„Најдобро финале во историјата на тенисот“ - овој меч така го дефинираа Мекинро и Сантана.
Се играше на 6 јули 2008 година. Рафа против Федерер претходно ги загуби финалињата во 2006 и 2007 а во тениската „Катедрала“ овој пат победи 6-4, 6-4, 6-7(5), 6-7(8) 9-7.
2009: Полуфинале против Вердаско на Австралија Опен
Пет часа и 14 минути пеколна борба водеа двајцата шпански ривали и големи пријатели надвор од теренот.
Овој меч влезе во историјата како еден од најисцрпувачките некогаш одигран. На крајот средбата заврши со две така типични сервис грешки на Вердаско кој едвај стоеше на теренот и Надал се пласираше во финалето.
2009: Финале на Австралија Опен против Федерер
1 февруари 2009 ќе биде запаметен како ден на кој се одигра еден „митолошки“ дуел во кој Надал стана првиот Шпанец кој го освоил Австралија Опен.
На легендарната Род Лејвер Арена двајцата титани играа четири часа и 23 минути - Рафа на крај славеше со 7-5, 3-6, 7-6(3), 3-6 и 6-2.
2010: Финале на Австралија Опен против Ѓоковиќ
Пет часа и 53 минути траеше пеколниот натпревар меѓу Новак и Рафаел. Таква битка тенискиот свет не видел до тогаш. Се надмудруваа двајцата најдобри тенисери на планетата а на крајот Новак Ѓоковиќ по трет пат стана шампион во Австралија.
2013: Полуфинале на Ролан Гарос против Ѓоковиќ
Уште еден епски меч меѓу двајцата гиганти се одигра во 2013 во Париз. Шпанецот победи 6-4, 3-6, 6-1, 6-7(3) и 9-7 а официјалната веб страна на АТП го означи овој меч како најдобар на Гренд Слемовите во годината.
2017: Полуфинале на Австралија Опен против Димитров
Надал до овој момент цели три години немаше играно финале на еден Гренд Слем. Последен пат се бореше за трофеј на Ролан Гарос во 2014.
Овојпат го победи Бугаринот Димитров со 6-3, 5-7, 7-6(5), 6-7(4) и 6-4 во меч полн со емоции, неверојатни поени, фрлање рекето и само еден победник: Рафа.
2017: Финале на Австралија Опен против Федерер
Страшна битка за титулата која што после цели 3 часа и 37 минути ја доби Надал со 6-4, 3-6, 6-1, 3-6 и 6-3.