За среќа по Рафа Надал доаѓа тенисот на земја. Следниот турнир на кој ќе истрча е практично неговиот омилен, т.е. Монтекарло и Кантри Клуб на кој тенисерот од Мајорка славеше осум пати во кариерата. Којзнае дали враќањето на земјените терени (46 титули, на само 3 од рекордот на Вилас) ќе ја оживее кариерата на Рафаел Надал.
Безмилосни бројки
Синоќешниот пораз од Фернандо Вердаско во третото коло на турнирот во Мајами беше последна епизода во негативниот момент за кој Надал како да нема решение. Навивачите на Надал повеќе ги загрижува начинот на кој губи од противници со кој лесно се справуваше, отколку самиот дебакл на Флорида.
Бројките на Надал во 2015. се безмилосни. Во Доха, каде беше шампион неколку пати по ред, испадна од Берер, иако тогаш се врати по 4-месечна пауза поради повреда. На Аустралијан Опен испадна во четвртфиналето од Бердих, кој губеше од Надал на 18 средби претходно.
Во Рио де Жанеиро, на земја загуби во полуфиналето од Фабио Фоњини, кој четири пати претходно му даваше рака на Надал. Следуваше Индијан Велс, каде Милош Раониќ го совлада Надал. Канаѓанецот со црногорско потекло пет пати претходно губеше од Надал.
Загрозено местото во ТОП 5
Последната епизода се одигра вчера, во Мајами каде тенисерот кој 13 пати губеше од Надал, вчера го победи. Во меѓувреме Рафа славеше во Буенос Аирес, на земјена подлога со што стигна до 65. трофеј во кариерата. Во секој случај, на брза подлога Надал не освоил турнир од Доха 2014.
„Не е проблем со играта, напротив мислам дека се подобрив во последниов месец и половина, а добро ми оди и на тренинзите. Прашањето не е мојот тенис, колку стравот што го имам кога ќе истрчам на теренот. Не сум веќе опуштен во најважните поени. Во кариерата секогаш бев способен да се носам со 90-95% од емоциите, но сега веќе не е така и станувам нервозен“, изјави Надал по вчерашниот пораз од сонародникот Вердаско.
Рафа Надал во меѓувреме ќе го загуби третото место на АТП листата. Трет сега е Енди Мареј, а Надал би можел да падне на шестата позиција доколку не го подобри својот тенис.