Таг: фабио фоњини

Фабио, тоа не е за меѓу нозе

Шпанската тенисерка Пола Бадоса го предаде четвртфиналниот натпревар во Токио поради жешкото време и го напушти теренот во инвалидска количка. Медведев го праша судијата, кој ќе биде одговорен ако умрам, а Фабио Фоњини цевката за кислород почна да си ја пика во гаќи.

Италијански тенисери се скараа на сред терен во Австралија

Фабио Фоњини и Салваторе Карузо, двајца италијански тенисери и репрезентативци на оваа земја, одиграа супер дуел на Австралија Опен кој го доби Фоњини после дури 5 сета (3-2). На крајот Фоњини кој секогаш е избувлив, му рекол на Карузо дека имал неверојатна среќа со поените од мрежа, а ниеднаш не подигнал рака да се извини.

Од Монтреал 2019 ова беше најјако

Рафа Надал го освои Мастерсот 1000 во Канада откако со 6:0 и 6:3 го совлада Медведев, но ние би се вратиле на четвртфиналето против Фоњини. Италијанско-шпанска работа на која би уживал и човек што не прати тенис. Мама миа.

Фоњини освои поен откако остана без рекет во раце

На еден од поинтересните дуели на турнирот во Рио де Жанеиро против домашниот играч Томаш Белучи, Италијанецот Фабио Фоњини освои неверојатен поен откако при сервис остана без рекетот.

Да мочам па ќе сервирам

Еден натпревар по тенис знае да трае по два, три, четири па и повеќе часови, а кога човек ќе го фати зорт не е убаво да стиска. На дуелот меѓу Италија и Јапонија на Дејвис Купот, Фабио Фоњини едноставно не издржа.

Два потези за најмногу аплаузи на Вимблдон

За потег на денот на Вимблдон е избрана мајсторијата на Григор Димитров, но ние си прогласивме два најдобри потези и го вметнавме потегот на Италијанецот Фабио Фоњини кој доби аплаузи за штосниов поен.

Циркузот на Фоњини на Вимблдон

Најдобриот италијански тенисер е омилен меѓу публиката каде и да игра, затоа што за него важи народната што на ум, тоа на друм. Не му ја мисли многу и кажува сè на прва.

Надал: Имам проблеми со главата

Пет порази на шест турнири, последниот синоќа од Вердаско во Мајами. Шпанецот губи од противници против кои порано се шегуваше на терените и сега едвај чека да почне сезоната на земја. Не е веќе трет во светот, а му се заканува нов пад на листата.