Серена Вилијамс испадна од Кинеска која не сака да слушне за западна кујна

Бидна првата голема сензација на Australian Open - Ван Цијанг ја елиминираше Серена Вилијамс со 2-1 по сетови 6:4, 6:7, 7:5.

Малку кој верувал во Кинеската, затоа што сите експерти освен Каролина Плишкова, хорски изјавуваа дека Серена е спремна одново да стигне до големиот пехар на Гренд Слемот.

Во претходниот меѓусебен дуел Серена ја прегазила Ван Цијанг со 6:1, 6:0 за само 44 минути. Тоа била најкратката средба на US Open.

После поразот Ван Цјан тогаш изјавила дека не била спремна да одговори на моќта на Серена и дека сега ќе треба да ги вежба мускулите, да стане посилна.

Одново се сретнаа на актуелниот Австралија Опен каде Ван многу добро ја амортизираше снагата на Серена Вилијамс а и самата одигра совршен меч. 

Најмногу од се воодушеви психолошката издржливост на Кинеската. Ван Цјанг во принцип во изминатиот период не важела за најстабилната тенисерка на ВТА, но овојпат само еднаш „паднала“ психолошки, на крајот од вториот сет кога и подари брејк на противничката.

По некое класично сценарио, тогаш Ван Цјанг требаше бавно да тоне, но наместо тоа, во третиот сет таа одигра далеку подобро и на крај заслужени славеше против славната Американка.

Што е уште поинтересно, сите биле шокирани од испаѓањето на Серена, сите освен самата Кинеска. На теренот веднаш по мечот интервјуто одеше вака:

- Ван Цјанг, изгледате шокирано. Дали може да поверувате што направивте?
- Да, ладно одговори Кинеската.

На овој Гренд Слем Ван Цјанг направи голем пробој: Ја разби втората тенисерка на светот Ешли Барти и првпат во кариерата влезе во четвртфинале на Гренд Слем. Инсајдерот на WTA, Кортни Нгуен е сигурна дека овој пробој започнал во Њујорк каде има многу добри кинески ресторани.

Ова е интересен феномен, затоа што Ван Цјанг досега сите најголеми резултати во кариерата ги направила на домашно тло во Кина. Во сезоната 2018-та таа имаше четири финалиња на WTA и тоа сите четири беа во Кина и Хонг Конг.

Ако се оди подалеку, таа беше лидер меѓу азиските тенисери по бројот на победи (вкупно 19 или 83% од натпреварите) и за пет недели стигна до 21 позиција на рејтингот. А од претходните пет победи над тенисерки од Топ 10, Ван Цјанг дури три противнички победила во Кина и Хонг Конг и една во Куала Лумпур.

„Цела година, каде и да играм, се трудам да јадам кинеска храна. Мислам дека за мене кинеската кујна е најважно нешо. Уште не сум адаптирана на западната“, вели Ван Цјанг.

Во 2019 година го повторила истото во интервју за британски The Metro: „Просто обожавам кинеска кујна, особено во Сечуански стил, многу зачинета. Каде и да сум на светот, важно ми е да ја најдам оваа храна. Некогаш на турнирите јадам паста, но општо повеќе сакам кујна од својата култура“.

А главниот проблем на европската кујна за Ван Цјанг е еднообразноста: „Во кинеската кујна има многу јадења. Имаме избор. А западните јадења ми се некако сите исти. Така што ми е многу тешко“.

Но Ван Цјан имала тешка година на емотивен план лани. До февруари четири години работела со австралискиот тренер Питер Мекнамара, кој, според нејзино кажување, ја научил да игра и ја направил професионална тенисерка. За жал, причината што ја прекинале соработката била неговата болест поради која во јули лани починал.

Во едно од интервјуата, на прашањето за Мекнамара, таа во солзи одговорила: „Тој секогаш веруваше во мене. Викаше дека можам да бидам топ тенисерка.“

Мекнамара сигурно би бил горд на мечот на Ван против Серена.

24 јануари 2020 - 11:25