Присуството на помалку од еден микрограм мелдониум во организмот кај спортистите кој ќе биде пронајден во нивните примероци до 1 март оваа година, нема да претставува проблем и тие ќе можат да продолжат да се натпреваруваат, објави Светската анти допинг агенција.
Со оваа одлука на ВАДА многу руски спортисти може да добијат амнестија. Според претседателот на руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев истото важи и за Марија Шарапова која можно е да настапи на Летните Олимписки игри, но за тоа конечната одлука ќе ја има Меѓународната тениска федерација.
Според информациите кои стигнаа од руските медиуми амнестирани може да бидат четирикратната светска шампионка во пливање Јулија Ефимова која го користела мелдониумот во помали колиничини, потоа руски атлетичари, одбојкари и лизгачи
Супстанцата мелдониум е забранета за користење од 1 јануари 2016 година, а по скандалот со Марија Шарапова која изјави дека не знаела дека е ставен на забранета листа, позитивни допинг примероци се пронајдени кај повеќе од 140 спортисти меѓу кои околу 30 се од Русија.