ИААФ одлучи дека руските атлетичари не ги исполниле критериумите за укинување на суспензијата која следуваше по скандалот со масовното допингување со мелдониум, заради што забраната за натпреварување ќе им важи и за време на ЛОИ 2016.
"Ако е добро за Шарапова, тогаш е добро и за мене," помисли рускиот колективен ум на кој "нешто не ми е арно" па продажбата на неодамна забранетиот лек за спортисти отиде во небо.
Што е заедничко за една од најдобрите тенисерки на светот, Марија Шарапова, и советските супер-војници од времето на Студената војна сред планините во Авганистан? Земањето мелдониум.