Сите руски атлетичари банирани од Олимпијадата во Рио

ИААФ одлучи дека руските атлетичари не ги исполниле критериумите за укинување на суспензијата која следуваше по скандалот со масовното допингување со мелдониум, заради што забраната за натпреварување ќе им важи и за време на ЛОИ 2016.

Одлуката следува откако експертите на ИААФ заклучи дека Русија не ги преземала соодветните мерки за измена на процедурите за тестирање и да докаже дека нејзините спортисти се чисти од допинг.

Претседателот на ИААФ објаснува дека, "едногласната одлука е дека руските атлетичари не би можеле кредибилно да се вратат на меѓународно натпреварување без да ја поткопаат довербата на нивните конкуренти и на јавноста."

По консултации со надворешни правници, ИААФ во одлуката остава простор на Олимпијадата " под неутрално знаме да се натпреваруваат руските спортисти кои можат да докажат дека тренирале вон земјата," меѓутоа процените се дека има едвај 3-4 вакви случаи.

 

18 јуни 2016 - 11:45