
Марија Шарапова денес ќе се обиде да ја прекине победничката серија на Серена Вилијамс која е на патот до шестата титула на Вимблдон. Американката е во серија од 26 победи по ред на Гренд слемовите, а Шарапова која чека на трофејот на Вимблдон од 2004. година, има четири Гренд слем титули.
Покрај тоа што веќе 11 години се големи ривалки на теренот, Шарапова и Вилијамс имаат антипатии една со друга, а често во јавноста изнесуваа зајадливи коментари од приватниот живот на другата. Момчето на Шарапова, Бугаринот Григор Димитров во 2012. година беше во врска со Серена (Французинот Муратоглу им беше заеднички тренер, а сега е вереник и тренер на Серена) што дополнително го зголеми ривалитетот меѓу убавицата од Сибир и моќната Серена од Мичиген.
„Немав многу успех против неа. Би сакала да го променам тоа“, изјави Шарапова во пресрет на денешното полуфинале.
Последен пат двете тенисерки се сретнаа на финалето на Австралија Опен, Грен слем кој Американката го доби без загубен сет. Серена подоцна славеше и на Ролан Гарос што е нејзина 20. Грен слем титула во кариерата со што ѝ се приближи на Штефи Граф која што има 22 Гренд слем титули.
Што се однесува до заработката, Серена Вилијамс заработила повеќе на теренот, а Шарапова надвор од него. Русинката е заштитно лице на Евијан и Таг Хеуер а има и сопствена конфекциска линија (Шугарпова). Русинката заработува околу 29,7 милиони долари годишно, со што е најбогатата женска атлета во спортот.
Лична карта: Марија Шарапова
Години: 28
Националност: Русинка
Заработка во кариерата: 22,2 милиони фунти
Гренд слемови: 5
Лична Карта: Серена Вилијамс
Години: 33
Националност: САД
Заработка во кариерата: 44,3 милиони фунти
Гренд слемови: 20