Белорусинката Викторија Азаренка ги насмеа гледачите на Вимблдон, а потоа ги направи пијаници кои многу пијат. Американката Серена Вилијамс ја победи Азаренка во три сета, а стенкањето на двете тенисерки предизвика општа смеа на трибините.
„Уморна сум од такви прашања. Тоа е многу непријатно, затоа што и момците стенкаат. Тренирав со Надал, а тој стенка погласно од мене меѓутоа тоа никој не го забележува. Девојките даваат сè од себе на теренот и нормално е да се гласни. Дали има некаков проблем? Тоа се случува во секој спорт", изјави Азаренка.
Серена Вилијамс исто додаде дека гласното смеење во публиката им смета на тенисерките, а Азаренка отиде подалеку:
„Мислам дека навивачите испија премногу чаши алкохол. Кога спикерот ги предупредуваше луѓето да пазат да не дехидрираат, сигурно мислеше да пијат вода, а не алкохол", констатираше Азаренка која испадна од Вимблдон.
Серена Вилијамс во полуфиналето ќе игра големо дерби против Марија Шарапова, а тоа ќе биде уште еден меч на гласно стенкање.
„Знам дека со Викторија дадовме сè од себе. Изморена сум веќе од таквите коментари за тоа", кратко нагласи Серена.
Инаку Марија Шарапова е најгласната тенисерка на ВТА турот и според некои истражувања произведува звук силен колку авионскиот.