Капсулите на Шарапова чинеле 210 денари

Препаратот кој го користела Марија Шарапова поради што паднала на допинг, лесно може да се купи во секоја обична руска аптека и една кутија со 40 капсули чини 270 рубљи или 3,42 евра.

Милдронат капсулите не се развиени во некаква си тајна лабораторија за војска или за спортисти. Во 1975. година ги изумил професорот Ивар Калвинс, Летонец кој во моментов е на чело на Одделението за медицинска хемија при летонскиот Институт за органска синтеза во Рига.
 
Правото на милдронат во медицинска употреба го одобрило тамошното Министерство за здравство. До 2013. година, Летонија од неговата продажба заработувала околу 70 милиони евра годишно или околу 0,7% од вкупниот извоз.
 
Во спортот, оваа капсула најчесто се користи во Русија. Минатата година кога милдронатот сè уште не беше забранет, на допинг во Русија е утврдено дека го користеле 17% од руските спортисти. Меѓу спортистите од другите земји тој процент е речиси 8 пати помал - 2,2%.

Утрово руските медиуми успеале да го добијат креаторот на милдронат.

Како го создадовите препаратот?

Јас се интересирав што би можело да го испразни продолжениот стрес од човековото тело. Најдов супстанца во чија што супстанца има гама-бутиробетаин. Во молекулите на гама-бутиробетаинот еден јаглерод заменува еден азот, така што не се разградува целосно и е корисен како носечки сигнал од централниот нервен систем до периферијата на рефлексните ќелии. Тоа е сè. Тоа е мелдониум.

Каква беше вашата реакција кога вашиот лек го забранија од 1. јануари?

Негативна. Затоа што ако им се забранува на спортистите да се грижат за здравјето тоа претставува кршење на човековите права. Ниту една клиничка студија не покажа досега дека примената на Мелдониумот ги подобра физичката спрема, ја зголемува издржливоста, силата, кондицијата итн. Мелдониумот го подобрува само, она што го има во англискиот јазик, перформансот на спортистот.

Како делува?

Во време на тренинзите спортистите неретко работат до крајните можности. Ако вежба користејќи Мелдониум, срцето на спортистот ќе биде заштитено од негативни појави на исхемија и недостаток на кислород. Тоа не значи дека спортистот со него може да направи нешто подобро од другите. Мелдониумот едноставно штити од разорните ефекти на работа во полн капацитет, и помага во побрза рехабилитација на телото.

Овде имавме пример градоначалникот на Рига, Нил Ушаков одлучи да трча на најдолгата традиционална трка два дена по ред. И на крајот што се случи? За малку не умре од напор. Да користел Мелдониум до овие проблеми веројатно немаше да дојде.

И покрај тоа, Светската анти-допинг агенција го забранила препаратот. Смета дека тоа им помага на спортистите да се прилагодуваат на стрез и им ја зголемува издржливоста. Исто е и кога правилно се храните, треба да внимавате да не се оптеретите поради вишокот енергетски капацитети (прејадување). Постои список на лекови кои го покажале тоа - стероидите ги развиваат мускулите и со нив се постигнуваат далеку подобри резултати отколку без нив. Но тоа не се однесува на Мелдониумот.

Марија Шарапова, доцна синоќа на прес конференција во Лос Анџелес соопшти дека паднала на анти-допинг тест, иако Мелдониумот го користи веќе 10 години. „Овој лек заедно со некои други ми ги препиша семејниот доктор поради тоа што од 2006. година бев често болна поради недостиг на магнезиум во организмот, а резултатите од ЕКГ беа нестабилни. Покрај тоа имав проблем и со дијабетесеот и веќе 10 години го користев лекот кој не беше на листата на забранети препарати", соопшти најдобрата руска тенисерка во историјата.