веб класици:

Македонскиот јазик во дијаспора

Не може да се опише чувството кога ќе ве пресретне млад Индиец и ќе ви каже: „ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ ОД БАНИЦА, КАКО СЕ ВИКАШ ТИ?“ Од толку многу што ви е мило, ќе посакате да ја откриете тајната од каде и како тоа лице знае барем една добра реченица на македонски јазик. Одговорот се сведува на тоа дека Индиецот пораснал со бабата на својот најдобар другар, која за наша среќа и не знаела да зборува ништо повеќе од македонски.

Веќе со години се жалиме како кутрите Македонци што живеат во Грција биле принудени да го учат грчкиот јазик, но никој никогаш не се прашал како нашите Македонци во дијаспора несвесно си присвојуваат не само јазик, туку и луѓе од сосема други нации, кои никогаш претходно не чуле ниту за Македонија, ниту за македонскиот јазик.

Да се биде во дијаспора е големо искуство, но да се биде во дијаспора како неутрален посматрач на нашиот народец не само што е големо искуство, туку човек може слободно да се гордее со фактот што се наоѓа во таква средина. Од друга страна младите имигранти се ужаснуваат од таквиот факт околу јазикот, не сфаќајќи ја вистинската вредност на ваквото македонизирање. Теоријата на западниот менталитет дека „СИТЕ СМЕ ИСТИ“ цврсто е прифатена од нашите Македончиња, даваќи им можност тоа да го покажат и на дело.

Не може да се опише чувството кога ќе ве пресретне млад Индиец и ќе ви каже: „ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ ОД БАНИЦА, КАКО СЕ ВИКАШ ТИ?“ Од толку многу што ви е мило, ќе посакате да ја откриете тајната од каде и како тоа лице знае барем една добра реченица на македонски јазик. Одговорот се сведува на тоа дека Индиецот пораснал со бабата на својот најдобар другар, која за наша среќа и не знаела да зборува ништо повеќе од македонски.

Ајде сега за слободниот говор што може да се чуе единствено во дијаспората:

„КИПАЈТЕ ГИ ЧИЛДРЕНИТЕ ОД СТРИТОЈТЕ ДА НЕ ГИ ГАЗАТ КАРОЈТЕ“

или

„АЈДЕ ДА ГО КРОСАМЕ СТРИТО ДУРИ Е ЛАЈТОТ ГРИН“.

Ова ни дава потполна слика на нашиот типичен патриотизам и симпатии кон нашата мила Македонија, и нашиот милозвучен јазик. Значи нашите со-граѓани и со-селани во дијаспората се среќни што така силно се поврзани со македонските корени и таквата среќа ја изразуваат меѓусебно делејќи си комплименти:

„ЛЕЛЕ СВАЌЕ ШО СИ БЈУТИФУЛ, ХЕРО НАЈС-АБДУ, А И КАЛАРОТ НА СКРТОТ ТИ МАЧА СО ШУЗО“,

што при тоа следи заблагодарување:

„ТЕНКЈУ СВАЌЕ,ТЕНКЈУ ТЕНКЈУ ВЕЌЕ ПРЕТЕНКЈУ“.

Западот е свесен за ваквиот патриотизам и Американчето умира од мака, не само што не може да го има Криволак, туку и заради масовното прибегнување на останатите нации кон македонизмот. Статистички, се тврди дека за неполни 200 векa, целиот Запад би бил македонски, само уште ако ги научиме Кинезите да јадат ајвар и грав.

Присуството на источниот, западниот, централниот и посебно егејскиот дијалект, кој важи како најјак во споредба со останатите три, ја дава општата целокупност на нашиот јазик. Без егејскиот дијалект се губи сјајот на македонскиот говор во дијаспората и без него не би имале прилика да го надградуваме истиот.

„ШЧУКАЈТЕ КАСЕТА НАМЕР ТО“ и „БАРЕ ВАКИ“ се само дел од многубројните примери. Значи познавајќи го егејскиот дијалект, се отвора нова страница на историјата на македонскиот говор, кој во иднина би се сметал како литературен. 

Паралелно со егејскиот, се јавува и западниот дијалект, кој ужива исто така голема популарност. Типичното охридско „ОТИ ФАКИН ТАКА ТРЕБИТ“ и тетовското „АЈ ДОНТ НОУ, ЈА НЕ ЗНАЕМ НЕ СУМ ОД ТУЕКА“ се одлична елементи во структурата на јазикот и како такви се доста применети во секојдневието кај нашите Македонци во странство.

За сите овие постигнувања околу македонскиот речник во дијаспора, срдечно им благодарам на сите македонски иселеници, кои долго време работат на овој случај и вложуваат големи напори за поголеми успеси во оваа сфера.

Соња, 25 Мај 2002, Торонто

15 септември 2016 - 09:47