Документарец

Во потрага по другарите од војска

Митко Панов е наш човек, од Скопје, кој ја напушта татковината после отслужувањето на воениот рок во ЈНА. Цимнат од старите слики од војска, долги години подоцна, од Њујорк се враќа овде, за да ги лоцира и најде другарите од класата септември, 1981 година. Ако тоа не ви е тематски и генерациски блиско, баталете, ако е, документарниот филм „Јарани“ ќе ве наполни со емоции. Судбини, судбини, судбини....  

а

Бев Панк пред тебе

Документарец за белградскиот панк. Сведочат и се сеќаваат Цане од Партибрејкерс, Гиле од Оргазам, писателот Владимир Арсенијевиќ, режисерот Срѓан Драгојевиќ, драматургот Небојша Пајкиќ и други преживеани ликови од таа сцена. Во музичка смисла, панкот е тесен простор (два акорда, брзо, луто) но е драгоцен како платформа за градење фајтерски гард кон авторитетите од секаков тип.

Препорака за гледање од Илон Маск

„Војната за децата“ е документарец (2,2 часа) кој ја разоткрива тековната битка за контрола на следната генерација и нивните умови. „Овој филм го открива борбениот план што се користи за контрола на иднината. За да победите во оваа војна, треба да ја разберете тактиката на вашиот непријател“. наведуваат авторите. „Вреди да се види, особено родители,“ препорачува Маск.

Светлата на Сараево

Од пред некој ден јавно е публикуван повеќекратно наградуваниот филм „Светлата на Сараево“ на Срѓан Перкиќ, за бендот „Забрањено пушење“ и култната сараевска хала Скендерија. Приказна видена од аголот на Сејо Сексон, основачот на групата и главниот автор на нивните песни. Почнува со првите акорди на „Филџан вишка.“ Карамбол од емоции.

Наши на Нетфликс

Само во 2017-та, во крипто-стартапи се инвестирале скоро 5 милијарди долари. Подоцна се покажа дека 78% од нив биле гола измама. Една таква мрсна дубара раскажува нов (и добар) документарец на Нетфликс, со наслов „Bittconned“. Биле ангажирани двајца наши девелопери, Мартин  и Филип. „Некои мислат дека сум генијалец,“ се зеза еден од нив. Ќе мислевме и ние, ако успеаја да наплатат. 

Младите од ридот

За едни верски задрти млади Евреи, задоени од токсичните идеи на рабинот Кахане, кои прават зулими по Западниот брег. Ќе дојдат на рид, ќе закуцаат знаме и ќе го сметаат тоа за истурена позиција на Израел. Да видите какви „вук је у нас домаќа животиња“ се тие предели. Ничег нема, јој. Па сепак, попрво од камења ќе го исчистиш тој крш отколку од омраза.

Ивермектин: Вистината

Ивермектинот е „еден од најбезбедните и најефикасните лекови од оваа ера. Лек кој, според бројните врвни научници што ги интервјуирав, можеше да ја заврши пандемијата пред да започне,“ вели филмаџијата и автор на ова дело, Мики Вилис, за најдемонизираниот лек од времето на пандемијата. Вакцините се продадоа, сега може да се слушне и ова.

Илон Маск: Ова е нешто кое секој родител треба да го види

Илон Маск: „Ова е голем проблем. Активно ќе лобирам да се криминализира правењето тешки, неповратни промени кај малолетни деца. Срам за оние кои го заговараат ова! Тоа е за краен презир“. Џордан Питерсон: „Затвор. Долготраен. Без помилување, без милост. А истото можеби и за попустливите „терапевти“ како и за касапите што го овозможуваат“.

Пазете се од господинот Бејкер

Од документарецот посветен на еден од најдобрите тапанари на сите времиња, еден од најлудите тапанари на сите времиња, еден од највлијателните тапанари на сите времиња, човекот на чиј табиет потсетивме во статијата „Џинџер Бејкер, терсене“.

Показна вежба за шофери на автобус

Неколку градови во Мексико ги седнаа возачите на градски автобус на фиксни велосипеди на паркинг и ги оставија да вртат додека покрај нив поминуваа други колеги со автобус, чисто да видат како е.

Европа сега од Грета да си бара струја

Индискиот милионер Чамат Палиапитија смета дека за европската енергетска криза треба да се зборува искрено, па прашува е: Јасно ви е дека цел континент дозволи 16-годишно дете да им ја одреди енергетската политика?

Напредокот ни донесе срање во боја

Американско пропагандно видео од 1939 за Финска. Освен што не е во 4К туку во црно-бела техника, останатото е копи-пејст исто ко денес. Запад нуди помош, Америка дава чекови, се спомнува питомиот народ и големите личности кои ги изнедрил. Сè е факинг исто, а што очекувања имавме од овој 21 век. 

Што е жена?

Мат Волш направил филмче околу прашањето кое и инаку го поставува кога дебатира со транс-родови лица, на што обично одговараат дека „жена е сè она што го подразбираат оние кои се чувствуваат како жени“ (патем, тоа е логичка грешка позната како „циркуларна дефиниција“). Еден дедо бива прашан: Како знаеш дека си маж? Одговорот на стариот е олдскул.

Оливер Стон: „Украина во пламен“

Со документарецот чиј извршен продуцент е Оливер Стоун почна нешто да се мати по платформи. Јутјуб го скина па го врати со предупредувачка етикета, па не сме сигурни до кога ќе го има. Иако филмот (2016 година) кој го следи создавањето на украинскиот национализам, без никакви проблеми беше вдомен на Јутјуб со години, сега некако им текна дека содржел графички и насилни сцени. А треба да се види.

Цвет од седум часа

Сер Дејвид Атенбороу сведочи на уште едно чудесно сложена коалиција во природата. Цвет кој цвета само ноќе, само седум часа, за само едно животно. А сепак, користа од овој соживот е обострана.

За колевката на брусените шахти

Краток документарец „Патување низ Југославија“ во кој за „нашата земја“ ќе го слушнете ова: „Најјужната југословенска република, Македонија, е колевка на прастара цивилизација. Секој камен на Македонија е сведок на античките времиња но и на подоцнежните култури кои се судирале и се менувале на овие простори....“ Ама па затоа сега сме во ЕУ, откако членството на НАТО ни донесе инвестициска лавина....

Мајкл Мур: Планета на луѓето

Дали активистите за заштита на околината паднаа на зелените илузии, кои се сè само не се зелени, и целата надеж ја насочија кон биомаси, ветерници и електрични коли? „Не постои таква количина на батерии која може да нè спаси,“ вели режисерот Џеф Бигс. Зошто од дебатата е исклучено единственото прашање кое е битно за опстанок? Затоа што тоа прашање не му одговара на профитот и на бизнисот.  

Документарец кој нема да биде номиниран за Оскар

„The Coming War on China“ е документарец на повеќекратно наградуваниот новинарски ветеран Џон Пилгер во кој се составува мозаикот на ужасното сценарио во кое учествуваат две нуклеарни сили: најголемата воена сила на светот, САД, и втората по големина економска сила на глобално ниво, Кина. „Таа војна не е само можна, таа војна е планирана“. 

Ледена земја

Во слава на нивниот прочуен кинематограф Александар Медветкин кој уште во 1934 има ставено филмско студио во воз за да го документира животот во Русија, еден амбициозен омнибус проект со 21 режисер од целиот свет прави обид да се скенираат некои раширени стеротипи, од оној за нарачка на жени до фетишот кон фамозните Лади. Ви одбравме три (многу добри) парчиња од тој документарен мозаик за Русија.

Може ли да биде спасено Црното море?

Ние од континентална Македoнија можеме само да бидеме пакосни па да се тешиме дека да беше тоа море убаво, немаше да го викаат Црно. Но, сериозен проблем има најзагaденото европско езеро кое на неколку земји кои го делат, со децении им служи како контејнер. А не дека секоја надеж е изгубена.  

Сарамзалино: 1.000 војници на 1.000 жени. А дете нема.

ЈНА своевремено побарала од словенечкиот режисер, камерман и директор на фотографија Карпо Година (инаку, роден во Скопје), да им направи прописен војнички филм. Карпо ги зема парите и им го прави ова - малтене хипи - филмче, потег за кој требало многу кохонес.

Кога Тито го тепаше Хрушчов со стап

Или кога докторите му забраниле на стариот да јаде мрсно па додека го масирале, сам си пеел: „Друже Тито, бјела лица, нема више кобасица“. Или кога Тито го прашува папагалот "Како си данас?" а овој му враќа "Јебено..."

Американскиот сон за Рајхот

Во 1939 година, околу 20.000 Американци се собираат во њујоршки Медисон Сквер за да го прослават подемнот на нацизмот, епизода која галантно е подзаборавена во американската историја. Филмот „A Night at the Garden“ е правен исклучиво од архивски материјали од настанот и годинава беше номиниран за Оскар, во категоријата краток документарец. Наградата ја доби едно филмче за менструација.

Вардар филм: Први мај 1960

Репортажа од првомајската парада на плоштадот Маршал Тито во Скопје: Изминаа десетлетија во костец со огнот... како што само рацете можат, рацете на милиони и милиони во окната и леарниците.