Верувале или не, навршуваат 40 години од проектот ЈУ Рок Мисија, југословенскиот одговор на акцијата на Боб Гелдоф за помош на гладните во Африка. Американците ја имаа We Are the World (на Мајкл Џексон и Лајонел Ричи, во продуција на Квинси Џонс), Британците Do They Know It's Christmas? (Боб Гелдоф и Миџ Ур) а обединетите сили на југословенскиот рокенрол ја изнесоа песната за која се однесува оваа 30 минутнa приказна.