Малку историја, лапидарно:
Три месеци по започнувањето на Втората светска војна, Советите од Финска бараат територијални отстапки во пограничната зона (во замена за други територии), наведувајќи за тоа безбедносни причини, првенствено заштита на Ленинград кој се наоѓа на само 32 километри од финската граница.
Финците одбиваат и во ноември 1939 година, Советскиот сојуз ја напаѓа Финска. Лигата на нации (денешните ООН) ја осудуваат агресијата и го исклучуваат Советскиот сојуз.
Првата Советско-Финска војна (позната како Зимска војна) трае три месеци, до Московскиот мировен договор потпишан во април 1940 година.
Во првите два месеца Финците успеваат да ги одбијат нападите и на Советите да им зададат огромни загуби (за што пишувавме во статијата „Историски лекции“), но подоцна Црвената армија менува тактика и успева да ги порази. На крајот добиваат повеќе отколку што бараа пред војната (околу 10 посто од финската територија).
Првичниот трапав настап на Црвената армија го охрабрува германскиот канцелар Адолф Хитлер да го нападне Советскиот сојуз па 15 месеци подоцна, во јуни 1941 година ја започнува офанзивата Барбароса.
Дел од таа операција е и втората советско- финска војна во која Финците пробуваат да ги вратат изгубените територии. Планот го прават заедно со Вермахтот а Финска останува сојузник на Хитлер во целата Втора светска војна по чиј завршеток Финска мора да плаќа огромни репарации на Советскиот сојуз 300 милиони тогашни американски долари (100 тогашни долари денес вредат 1.600 долари), меѓу другото и заради управувањето на концентрационите кампови во кои Руси масовно умирале од глад.
Уште еднаш, напредокот ни донесе срање во боја.