На западните граници на Русија се одвива најголемото трупање на воени НАТО сили од почетокот на Втората светска војна. Од друга страна, подемот на Кина во Вашингтон се гледа како закана за американската доминација.
За да му парира на тоа, претседателот Обама го објави „тежиштето на Азија“ што претставуваше менување на фокусот од Европа/Блискиот Исток, кон Азија, односно трансфер на речиси две третини од поморските сили на САД во Азија и Пацификот, со цевки свртени кон Кина.
Таквата политиа ја презема и Доналд Трамп кој уште во предизборието викаше дека „Кина ја силува нашата земја и ние тоа веќе нема да го дозволиме“.
Филмот е сниман две години на пет можни фронтовски линии во Азија и на Пацификот а е раскажан во поглавја кои ги поврзуваат тајните и заборавени мината со денешната лакомост на големите сили, со детали кои малку се познати на Запад“.