Шарапова смета дека нејзиниот раст е резултат на Чернобил

Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.

За оваа катастрофа уште како помала дознала и Марија Шарапова која во 2010 година во едно телевизиско гостување рекла:

„Да не била чернобилската хаварија, мојот живот ќе беше сосема подруг. Јас веројатно не би ни играла тенис“.

Популарната Маша е родена една година по катастрофата во Чернобил.

Јуриј и Елена Шарапови

Родителите на Марија Шарапова, Јуриј и Елена живееле во градот Гомељ во Белорусија, кој се наоѓал на 140 километри од Чернобил. Овој град се споменува и во серијата за хаваријата.

„Тоа априлско утро во 1986-та година мајка ми работела во бавчата, и слушнала од далеку слушнала силен татнеж како гром. Погледнала на небото и продолжила со работа. Прво изгледало како нешто поради што само ќе кренеш глава. Тогаш била бремена со мене, како единствено дете. Ноќта по градот се проширила морничава приказна. Од што бил предизвикан тој силен удар? Следното утро цело небо било со чад. И тогаш гласините се овистиниле“, пишува Шарапова во својата автобиографија.

Воглавном поради општиот недостаток од информации за тоа што се случило и какви последици ги чекале жителите во близина на Чернобил, семејството на Шарапова останало во градот Гомељ.

Ограда на улица во градот Припјат, 1986 година

Огромен дел од Гомељската боласт во следните денови и месеци бил заразен поради ослободување големо количество радиоактивни супстанци.

„О Боже мој! Тоа беше лудост. Луѓето во паника грабаа торби и кој можеше бегаше“, после многу години раскажал Јуриј, таткото на една од најдобрите тенисерки на сите времиња.

На 30 мај 1986-та година Советот на народни пратеници од Гомељската област донел решение за привремено исселување на сите жители од Припјатскиот регион. Оваа одлука не влијаела на Шарапови, па тие останале во градот.

Четири месеци после катастрофата, Елена дознала дека е бремена. Тоа ги натерало да се преселат.

Во автобиографијата Марија пишува дека мајка и Елена настојувала семејството да се пресели во Нјаган. „Чернобил бил смртоносно опасен. Убивал се живо. Тоа била невидлива смрт. Ние знаевме за тоа зошто се сретнавме со човек кој учествуваше во ликвидација на последиците после хаваријата. Тој ни кажа дека радијацијата била далеку над границите. На почеток официјалните лица молчеле. Луѓето не беа советувани ниту прозор да затворат! Сите продолжија со животот како и претходно. Јас памтам како тој човек рече: „Во шума растат печурки со големина на плочи“. Кога тој прашал дали смее да слика, го одбиле. Умрел на 45 или 50 години. Како и сите ликвидатори на последиците кои помогале“, пишува Шарапова во својата автобиографија.

Дозиметристи спроведуваат контрола на радијација во реонот на катастрофата кај Чернобил, 1 јуни 1986-та

Нјаган било едно од малкуте места каде Шарапови можеле да си дозволат да се преселат. Таму живееле и работеле родителите на Елена, бабата и дедото на Марија Шарапова.

Градот се наоѓа на 500 километри од Северниот поларен круг, така што зимно време температурата на воздухот паѓа и до -40 степени. Патот од Гомељ до таму водел преку Екатеринбург до каде имало 36 часа возење, а потоа уште два часа со авион.

„Татко ми го викаше Нјаган „посран град“. Таму јас се родив на 19 април 1987-ма. Во тој момент татко ми не бил дома, тој се вратил во Гомељ каде славел Велигден со своите родители, и таму дознал дека станал татко. После неколку недели Јуриј дошол да ме види. Тогаш одблизу го запознал Нјаган, град со грубо индустриско население во кој има многу заводи и повеќекатници. Татко ми сфатил дека не може да живееме таму, како што не можеме ни да се вратиме во Гомељ. Тогаш решил да ризикува и сите сме се преселиле во градот во кој секогаш мечтаел да живее - Сочи“, пишува Маша во автобиографијата.

 

Марија смета дека четири месеци во Гомељ после хаваријата не поминале без последици за нејзиното семејство и за неа сама. Тоа придонело таа да се извиши толку многу.

„Кога се вративме таму после многу години, бевме потресени од големината на големите шумски печурки. Сите тогаш зборуваа дека е поради радијацијата, и тоа ме наведе на размислување. Моите родители имаат просечен раст. Јас сум висока метро и осумедесет и осум без штикли. Многу сум повисока од моите. Од каде таков раст? Татко ми вика дека сум пораснала зошто растот ми бил неопходен за успешни настапи. Тој верува во силата на духот кај човекот. Но реакторот во Чернобил експлодирал кратко пред моето зачнување. Мајка ми пиела од месната вода и јадела овошје и продолжила да пие од истата вода дури и по зачнувањето. Така што кој знае?“

Татко Јуриј и ќерка му Марија Шарапова

Марија го кажува ова во полу-шега, но на крај од краиштата дали тоа навистина се одразило на нејзиниот раст?

****

Во 2008 година бил објавен извештај на Научниот комитет при ООН за дејството на атомската радијација насловено како:

„Човековите последици после нуклеарниот инцидент во Чернобил“. Ако го разгледа подробно, Марија би можела да најде одговор на сите свои прашања за растот. И да, тој никако не може да биде поврзан со последиците од катастрофата.

Наикакви генетски дефекти или мутации во претходните години не биле забележани.

29 април 1986 година

Освен тоа, радијацијата не можела да влијае никако врз Марија. Во научниот весник The Lancet во август 2015 објавени се резултати од 93 испитувања, спроведени од разни светски научници во период од 1989-2015 година.

Голема доза на радијација кај бремена жена, може да предизвика абнормалности во развојот на уште неродено бебе. Но таа радијација треба да биде од 3,4-4,5 зиверти (единица на измерени степени на радијациско влијание врз организмот на човекот. На пример, доза радијација која што ни зрачи при гледање тениски меч на телевизија е 0,01 микрозиверти. 4,5 зиверти води кон смрт).

Таква висока доза на радијација бремена жена би имала само во случај да била во непосредна близина на Атомската централа и тоа веднаш после хаваријата. Жените во Чернобил и околината воглавном не смееле да учествуваат во ликвидација на последиците.

Научниците појаснуваат дека плодот е заштитен од јонизирачка емисија во телото на мајката, а плацентот го намалува количеството на радионуклиди кои може да западнат во организмот на мајчиниот плод.

Според анализите на последиците по катастрофите во Хирошима и Нагасаки, 3.000 бремени жени кои биле подвргнати на максимално ниво на радијација, не се јавил дефект меѓу новородените деца. Тоа никако не влијае ниту на нивниот раст, ни на масата на телото ниту на каков било друг развој.

Атомска бомба во Нагасаки

Се пораширената теорија дека жената поради радијација може да стане неплодна исто не е научно потврдена. Најголем дел од сериозните последици кои бремените жени ги имале по Чернобилската катастрофа биле поради огромен стрес. Исто така, според сведоштвата на присутните, илјадници жени активно барале абортирање по катастрофата во Чернобил, независно од степенот на нивната бременост.

Во својата автобиографија, во делот каде раскажува за пост-Чернобилскиот период, Шарапова вели: „Многу луѓе не можеле да се преселат подалеку од Чернобилската катастрофа, многу настрадаа и се разболеа подоцна. Тоа е многу ужасно. Благодарна сум што сум жива и здрава“.