Се работи за случка од пред 15 години, кога двајцата врсници биле на вечера, која според фотографиите на изгледа на вечера, туку на типичен провод за Србинот.
Шарапова изглегла со Ѓоковиќ откако загубила облог.
„О боже, имам една смешна приказна со Новак. Се сеќавам дека тогаш ги освоивме првите Гренд слемови, тоа беше време кога тој стигнуваше таму, се искачуваше на врвот и неговото тело не беше на нивото на неговиот тенис.
Игравме на мини егзибицијата на Индијан Велс. Не се сеќавам што беше облогот, но тој рече дека ако го добие ќе одиме на вечера, а јас му реков океј. Потоа на крајот победи и ми рече: Да, ќе одиме на вечера. Беше многу смешно. Ме праша и дали може да се сликаме“.
Инаку Шарапова е еден месец помлада од Ѓоковиќ и ги има освоено сите Гренд слем турнири по еднаш, со исклучок на Роланд Гарос каде славеше два пати.
Се повлече во 2020-та и само од премии на турнири заработи скоро 40 милиони долари.