Марија Шарапова свика прес конференција на која претпоставките беа дека ќе го објави крајот на кариерата, но таа се појави за да признае дека паднала на допинг тестот на Австралија опен.
Славната Русинка изјави дека поради здравствени проблеми ја користела супстанцата мелдониум од 2006 година, а Интернационалната тениска федерација и соопшти дека ќе ја суспендира од 12 март.
„Паднав на тестот и ја презема целосната одговорност. Мелдониумот почнав да го користам додека беше на листата на дозволени супстанци, а во меѓувреме не добив информација дека од 2016 година лекот повеќе не се наоѓа на листата на дозволени супстанци. Мелдониумот прв пат почнав да го користам пред 10 години бидејќи бев често болна, имав недостаток на магнезиум во организмот и се појавија знаци на дијабетис“, изјави Шарапова.
Шарапова во моментов е седма на ВТА листата, а во кариерата има освоено 35 титули, од кои пет се на Грен слем турнирите.
Првиот трофеј на Вимблдон таа го освои на 17 години, а според Форбс беше најплатена спортистка во последниве 11 години.
Првиот голем удар на финансиски план и доаѓа од Најк со чија компанија има вклучено пет годишен договор и од каде заработува по 30 милиони евра годишно.