Мареј ќе настапува на турнирот во Базел за прв пат по пауза од 2005-та, а ова издание ќе биде прво откако Федерер ја заврши кариерата на Лејвер Купот минатиот месец.
АТП 500 турнирот не се одржува од 2019-та поради пандемијата, што значи актуелен шампион и натаму е Роџер.
Овој тениски настан стана синоним за швајцарскиот ас кој го има освоено вкупно 10 пати, а како дете бил задолжен за собирање топчиња.
Енди направил добар мајтап кога пристигнал во Швајцарија.
„Кога слетав во Базел му пишав порака на Роџер во која пишуваше: Само што пристигнав во градот на еден од најголемите спортисти на сите времиња: Гранит Џака“.
Што напиша под фотографијата на која е со големата тениска тројка?