Ни машкиот тенис не е веќе тоа што беше

Рафа и Роџер одново се прв и втор рекет на светот - тоа се случило седум пати низ историјата, но првпат од 2010 година. И двајцата се вратија на теренот после повреди и ги оставија без шанси младите противници.

Сезонава Федерер се врати после 6-месечна пауза, поврзана со повреда на коленото и лекување стари болки. Во текот на сезоната наполни 36 години но тоа не го спречи да освои најмногу титули од сите - 7, вклучувајќи два Гренд Слема и три Мастерса.

Рафа Надал ја пропушти целата есен минатата година, но денес, на 31 година стана највозрасниот рекет број еден во текот на една сезона. Шпанецот исто освои два Гренд Слема. Доминацијата на Федерер и Надал не е изненадувачка, тие се големи играчи и главни тениски ѕвезди. Но кај им се конкурентите?

САМО ДВАЈЦА ИГРАЧИ КОИ ЈА ПОЧНАА СЕЗОНАТА ВО ТОП-10, ЈА ДОИГРАА ДО КРАЈ

До крајот на годината јуначки издржаа само Марин Чилиќ и Доминик Тим.

Енди Мареј мака мачеше со бутниот мускул, Новак Ѓоковиќ со лактот а Стен Вавринка со коленото. Сите тројца „мкнеа“ повреди цела сезона и не играа после Вимблдон. А тројцата беа главни претенденти за сериозна борба со Федерер и Надал.

Кеи Нишикори ја заврши сезоната во август годинава поради повреда на рачниот зглоб. Гаел Монфис имаше проблеми со коленото и не се појави на терен после US Open. Милош Раониќ отсуствуваше од октомври поради мака со листот, а Томаш Бердих се повлекуваше од последните два турнири поради болки во грбот.

Овој „вирус“ не го одбегна ниту Надал кој куртули да пропушти само еден турнир поради болното колено.

Како причини за епидемијата на повреди, тенисерите го обвинуваат згуснатиот календар и далечните патувања. Други велат дека тоа е резултат на презаситеност кај тенисерите а трети утврдуваат дека е просто умор.

При врвот од елитата дојдоа други тенисери а во таа смисла се врати и лидерот на изгубената генерација 25-годишни - Бугаринот Григор Димитров.

Бугаринот одлично ја почна сезоната во Бризбејн (титула), на Австралија Опен (полуфинале и 5-сетовен трилер со Надал) и во Софија (титула). После тоа Гриша замина на одмор па во август се врати. Притоа Григор ги победуваше играчите од Топ-10 на два турнири. 25-годишниот Џек Сок го освои Мастерсот во Париз откако во финалето ја совлада најголемата сензација на турнирот, Филип Крајиновиќ. Но на овој турнир Сок се сретна само со еден тенисер од Топ-20.

Чисто сомнително дека Димитров и Сок би направиле такви одлични резултати ако цела елита била на турот. Во светот на тенисот сè погласно се зборува за нови радикални промени во овој спорт уште од новата сезона 2018.