Енди Мареј ја завршува 2016. година како прв на светот со 12.685 бодови пред Новак Ѓоковиќ кој има 11.780 поени. што значи дека разликата меѓу нив двајца е 905 бода. Со пласманот во полуфиналето на најдобрите 8, Милош Раониќ има најдобар ренкинг во кариерата и сега е трет со 5.450 поени.
До почетокот на финалето од последниот турнир во годината, Новак Ѓоковиќ важеше за фаворит. Историјата на меѓусебните дуели (24-10 во позла на Новак и 3-1 сезонава), како и неверојатниот напор на Мареј во полуфиналето (3 часа и 38 минути во полуфиналето, вкупно 10 часа на теренот до финалето, а Ноле имаше 6,5 часа) укажуваа на тоа дека Србинот ќе ја одбрани титулата во Лондон. Букмејкерите во одредувањето на коефицентите на сево ова го додадоа и фактот што Ѓоковиќ е четирикратен шампион на овој турнир.
Во првиот гем синоќа, Британецот направи две двојни грешки на сервис, но брзо се враќаше во ритам. Процентот на прв сервис на стартот му беше 54%, но зато реализацијата на истиот сервис му беше 85%. Вториот сервис му беше 48% успешен.
Покрај тоа, вториот сервис на Мареј во првиот сет беше едно од неговите главни оружја. Годинава, Енди има многу посилен отколку елегантен сервис со кој Ѓоковиќ едноставно не можеше да се избори - активниот прием на Новак воопшто не му работеше и допусти многу грешки. На пример, кон средината на првиот сет Мареј иако имаше 40% успешност на прв сервис, Ѓоковиќ тоа не го искористи.
Новак веќе извесно време има проблем со бекхендот што неодамна го користеа Иво Карловиќ и Џон Изнер, двајца страшни сервери. Три брејка Енди Мареј освои по лошиот бекхенд на Србинот. Во одлучувачките моменти, бекхендот на Новак не работеше воопшто.ѓ
Пред финалето многу се зборуваше за уморот на Мареј кој вечер претходно одигра маратон во три сета со Милош Раониќ (од денес е трет на ранг листата), но Енди не делуваше воопшто скршен од замор. Напротив, беше агресивен и имаше целосна иницијатива во текот на мечот.
Необична изјава даде и Ѓоковиќ после мечот, на конференцијата за новинари: „Денес имав сериозна шанса за победа и тоа беше очигледно од самиот почеток“.
Британецот неделава ги замолкна сите критичари, за пет дена ги победи сите играчи од Топ5 на ранг листата и првпат после финалето на „Ролан Гарос“ се сретна со Ѓоковиќ во директна борба против главниот конкурент за првото место.
Уште од Мастерсот во Рим, Мареј претрпе само четири порази и победи повеќе од 60 меча. Годинава го освои својот втор Вимблдон, втората Олимпијада во кариерата, три Мастерси и првпат во живот славеше на крајниот турнир на најдобрите во Лондон.