Енди Мареј е роден во Глазгов, но израснал во малото градче Данблејн каде учел основно школо. Уште во детството имал сериозни проблеми со чашката на коленото која што не му дораснала во една коска, туку останала во две одвоени коски и до ден денес има проблеми со коленото.
Енди уште од дете покажувал интерес за спортот, најчесто играл фудбал а сакал да гледа и локални тениски натпревари.
Но неговиот живот можел да заврши несреќно и трагично затоа што бил присутен на најголемиот школски масакр во историјата на Велика Британија.
Основно школо Енди учел во Данблејн каде на 13. март 1996. година извесен Томас Хамилтон убил дури 16 деца и една учителка.
Енди за време на масакрот бил во училницата заедно со неговиот една година постар брат Џејми но за среќа се скрил под клупата во училницата и го преживеал страшниот напад.
Најдобриот светски тенисер во моментов, редовно избегнува да зборува на оваа тема и за масакрот детално раскажал во својата автобиографија. Тој никогаш пред новинарите не одговара на прашањата за страшниот масакр во школото Данблејн близу градот Стирлинг.