Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.
Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.
До почетокот на Ролан Гарос остана уште една недела и списокот на главните кандидати за трофејот на земјениот турнир е утврден. Шеста година главно прашање е: Може ли Ѓоковиќ до единствениот Грен Слем кој му недостига во колекцијата?
Децата задолжени за топчињата на тениските мечеви често се во фокусот од разни причини поврзани со тенисерите и со нив се наоѓаат на насловните страни.
Се денешниот убедлив триумф над Федерер, Ѓоковиќ има подобар меѓусебен учинок од Швајцарецот, но не само од него. По овој подвиг, приоритети му останувааат Ролан Гарос и ОИ во Рио де Жанеиро.
Голем дел од ѕвездите на белиот спорт своите први асови, бекхенди, форхенди и дроп-удари ги учеле на некои од најпознатите тениски академии, основани претежно од поранешни играчи.
Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.
Сликите и извештаите за бегалците од Сирија ширум Европа го потресле британскиот тенисер, кој реши да донира по 50 фунти од секој успешен сервис на турнирите до крајот од годината.
Енди Мареј се избори за полуфинале на Вимблдон откако со 3:0 го елиминираше Канаѓанецот Васек Поспишил. Во првиот сет имаше и едно аматерско сервирање на кое се изначуди публиката.
Пет порази на шест турнири, последниот синоќа од Вердаско во Мајами. Шпанецот губи од противници против кои порано се шегуваше на терените и сега едвај чека да почне сезоната на земја. Не е веќе трет во светот, а му се заканува нов пад на листата.
Шкотланѓанецот вчера го победи Димитров, по што оствари пласман во 1/4 финалето од Париз и карта за турнирот на најдобрите 8 во Лондон. По 22 меча за 36 дена во неколку земји, Мареј се враќа во Лондон.
Со делењето од Британија, Шкотска со себе ги собира сите спортисти кои до сега настапуваа во име на Обединетото кралство. Еве некои од најголемите британски спортски херои од Шкотска.
Ланскиот шампион на УС опен во Њујорк, Енди Мареј синоќа беше изненаден и декласиран од Станислав Вавринка во четвртфиналната пресметка на годинашниот турнир. Швајцарскиот тенисер кој е рангиран во топ 10 листата и кој до сега од турнирите заработи над 7 милиони долари, редно време е да си купи некој поасален терен и да ја напушти својата тренинг база во лозјата.
Денот по историската победа на Енди Мареј кој во финалето беше подобар со 3:0 од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, за поголемиот број од Британците бил најсреќниот ден оваа година.
Британците се толку среќни што по пауза од 77 години еден нивни тенисер го освои Вимблдон, па кладилниците од островот решија да ги частат оние кои во финалето се кладеле на Ѓоковиќ и изгубија пари.
Енди Мареј на почетокот од неговата кариера бегал од куршумите на лудакот кој убил 17 деца во неговото училиште. 17 години подоцна тој го победи најдобриот тенисер на светот и по 77 години стана првиот Британец со триумф на Вимблдон.
Шкотскиот тенисер блесна на финалната пресметка на најпрестижниот тениски турнир. Енди Мареј беше далеку подобар противник од Ѓоковиќ и успеа да слави со 3:0.
Шкотскиот тенисер Енди Мареј беше подобар со 3:1 од изненадувањето на годинашниот турнир во Лондон, Јержи Јанович и во финалната рунда ќе се судри со рекетот број 1 Новак Ѓоковиќ кој во маратонска полуфинална рунда го мина Дел Потро.
Вчерашните четвртфинални двојки на Вимблдон донесоа доста неизвесен и возбудлив тенис со пресврти. Дел Потро повреден го “збриша“ Давид Ферер со 3:0, а Енди Мареј и покрај негативата од 2:0 со фантастичен пресврт избори пласман во полуфинале. Еве го моментот на мечот.
Светскиот тенисер број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија го победи Шкотланѓанецот Енди Мареј и ја освои својата шеста титула од Гренд слем турнирите и стана првиот тенисер кој три пати по ред триумфира во Мелбурн.
Новак Ѓоковиќ спаси пет меч топки и го доби го доби маратонското финале против Енди Мареј на турнирот во Шангај. Ѓоковиќ победи со 5:7, 7:6(11), 6:3, а пресвртот во вториот сет го најави со еден од најубавите поени одигран на тениски меч.
По пет часовна борба во финалето на тенискиот турнир УС Опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 и го освои својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.