По 3 часа и 41 минута, Новак Ѓоковиќ славеше со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:2) и ја освои четвртата титула на Австралија опен, со што се израмни со Агаси и Федерер.
Мареј го доби првиот сет по тај-брејк, а во следниот сет со иста мера возврати Ѓоковиќ за израмнување. За израмнетоста на играта во првите два сета говори и фактот што ви 33 гејма немаше брејк.
Во третиот сет Ѓоковиќ докажа дека Мелбурн е негов омилен терен. Тој го подигна нивото на игра и го доби третиот сет со 6:3, а до крајот само рутински ги освојуваше поените за победа уште со првата меч топка.
Ова беше шеста титула за Ѓоковиќ на Гренд слем турнирите, а шести пораз на Мареј во финалињата.