„Сакам да кажам нешто што тој никогаш не го кажал на конференција. Тој отсекогаш беше посебно дете и се разликуваше од останатите во својата генерација. Беше многу чувстителен, внимателен. Вреден работник уште од мали нозе. На четири години, брат ми кој држеше бутик му подари јакна но Новак не сакаше да ја земе. Кога брат ми го праша зошто не сакаш да ја земеш, Новак му одговори: Ако ја земам, нема да можеш да ја продадеш. Тогаш брат ми му даде топка, овој ќе ја земеше на неколку часа па ја враќаше“.
„Беше наше прво дете и го пречекавме со многу љубов затоа што беше прв внук и прв син. Разликата меѓу нас и западните земји е во тоа што ние кога ќе добиеме дете сакаме да бидеме 100% во неговиот живот до крај. Поради тоа во Србија и на Баллканот толку сме поврзани со децата. Постои посебна љубов едни кон други. Новак беше најсакан како дете, после четири години дојде Марко, а потоа после уште четири и Ѓорѓе. Кога Новак имаше две ипол години се преселивме на Копаоник. Отворивме ресторан таму и работевме плус со спортска опрема. Децата таму растеа и научија да живеат".
Како Новак почна со тенисот?
„Имаше три години. Веднаш до нашиот ресторан беа тениските терени. Додека се правеа терените, Новак се дружеше со мајсторите, им носеше храна и пиење. Разви однос со теренот. Видов љубов во неговите очи кога и да го погледнеше тенискиот терен и му купив мал шарен рекет со меко топче. Тоа му стана најомилена играчка во животот. Повеќе сакаше да игра со тој рекет, отколку да прави било што. Кога наполни четири години, отидовме во тенискиот камп во Нови Сад, таму почна да игра. Сè друго е историја. Удираше бекхенд на четири години буквално како што го удира денес. Роден е за тој спорт, а мојата најголема желба беше моите деца да бидат професионални скијачи. Но и вака е добро".
Воспитување на децата за време на војна и санкции.
„Живеевме 17 години на планина. Тоа многу значеше за здравиот развој на децата. Таму бевме многу посигурни, затоа што ниту можевме да видиме ни да слушнеме што се случува во големите градови".
Планот на Новак за кариерата.
„Од шест години, кога почна редовно да тренира се грижиме за секој аспект на неговата кариера. На тоа што ќе работи денес, утре, за еден месец, за една година. Што јаде, што пие, денес, утре. Каде да оди во школо, што добил математика, кои му се желбите. Секој аспект од неговиот живот беше под контрола. Зошто? Затоа што многу талентирани деца во светот не успеваат затоа што родителите се нереални кога е во прашање нивната кариера. Сами одлучуваат дека детето е талент и вршат многу притисок кој детето не може да го поднесе."
За подигнувањето на Новак без помош.
„Немаше добра волја, никој не сакаше да ни помогне. Морав сè сам. 10 години не се одвојував од него. Секогаш бевме заедно, каде и да одевме сите имаа тим, физиотерапевт и тренер, сите освен нас. Јас му бев на Новак и мајка и татко и тренер и физио, сè. Никој не ме научи, но клучот беше во тоа што можев да направам грешка во секој момент. Тоа беше мојот најголем притисок. Морав преку ноќ да носам големи одлуки, да менувам тренери, академии, школи. Штом видов дека и најмалата работа не оди како планирав, одев на друго место. Само Новак беше важен. Сите останати бевме неважни, сè е правено за да се оствари тоа што денес се оствари.
Осамостојувањето на Новак.
„Тоа беше многу тешко. Замина од дома кога имаше 12, скоро 13 години. Отиде во Академијата на Никола Пилиќ близу Минхен. Сопругата и јас во тоа време немавме доволно пари да одиме со него. На тоа место јадете тенис, пиете тенис, спиете тенис, мислите само на тенис. Тоа беше неверојатно искуство за Новак. Беше совршено место за него затоа што е вреден работник. Ники Пилиќ беше задоволен со него. Никогаш не земаше деца пред 14 години, но на Новак му дозволи".
Колку Новак внимава на деталите.
„Седевме заедно еден ден и Новак отиде на тренинг 20 минути порано. Пилиќ го праша кај тргна, а тој му одговори: 'Одам да се загреам за тренинг. Потребни ми се 20 минути загревање за тренинг. Еднаш кога дојде во ТК Партизан еден човек го праша: 'Дечко, зошто стално се загреваш 20 минути пред тренинг, а потоа 20 минути после тренинг се опушташ? Му одговори: 'Секој пат кога ќе се истегнам после тренинг, ја продолжувам тениската кариера за еден ден'. Најважно беше да го одржи телото здраво, а тој затоа никогаш не се повредува."
За односот на Новак со Енди Мареј.
„Играа заедно од јуниорски денови на секој турнир. Никогаш немале конфликт. Секогаш меѓу нив постоела почит. Новак беше најдобар, но Мареј беше веднаш зад него. Како и сега. Сакам да му честитам на семејството на Мареј за раѓањето на ќерката. Неверојатно е што направија со своите кариери и со своите деца Новак и Мареј.".
За религијата и иднината на Новак.
„Верувам дека ќе биде најдобар во историјата. Тоа го зборувам откако влезе во тенисот. Секако дека ќе биде еден од најдобрите спортисти во историјата. Сè е тоа затоа што е пратен од Бога. Како семејство, се трудевме да се оствари желбата на Бога, Тој може да освои уште 10 Грен Слемови".
За односот со Федерер и пријателствата во тенисот.
„Сите имаат право на свое мислење. Ова е само мое. Кога Србија играше против Швајцарија Дејвис Куп во Женева во 2006. година, Новак имаше само 19 години.
Имаше девијација со носот и не можеше да дише. Имаше проблем со долгите поени и мечеви, а Федерер на секој начин се обидуваше да го омаловажува поради проблемите со дишењето. Покажа тогаш дека е најдобар играч на светот но не и добар човек. Никој никогаш на таков начин не се однесувал со Новак. Не сфаќам зошто Роже уште игра тенис? Веќе има 34 години."
Што се однесува до Мареј, растеа заедно, добри другари се. Во моментов се ривали, така што кога ќе ги завршат кариерите ќе бидат уште поблиски другари. Тоа важи за сите кои играат сега- Гаске, Монфис, Цонга, Дел Потро, Раониќ, Ферер, сите тие неверојатни спортисти. Новак има супер односи со сите нив."
Рафа Надал е легенда на една ера, но неговата игра многу се разликува од онаа на Новак и Федерер. Надал троши многу енергија на теренот и со неговиот стил е многу тешко да се одржи високо ниво. На тенисот уште му треба Надал и тој мора да се врати. Се надевам дека ќе игра уште две или три години на највисоко ниво."